ЗГ Медиа плус и уште три грантисти денеска ги претставија постигнувањата во рамките на проектот КриТинк

ЗГ Медиа плус и уште три грантисти денеска ги претставија постигнувањата во рамките на проектот КриТинк

Работилници, дебати, гостувања по локални и регионални медиуми, како и изработка на видео, но и аудио спотови. Ова се само дел од активностите преку кои невладини организации од Источниот и Југоисточниот плански регион влијаеја на зголемување на свеста за медиумската писменост и критичкото размислување.

Се работи за активности кои беа дел од  проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, спроведуван од Метаморфозис и Евротинк. Проектот е финансиран од Европската Унија. Постигнувањата од сево ова беа презентирани денеска преку платформата Зум од страна на претставниците на Здружението на граѓани Медиа плус, Регионалниот центар за застапување, Здружението на граѓани Скај Плус и Мултус.

Тие ги претставија своите постигнувања и искуства преку кратки презентации, а потоа и дискутираа идентификувајќи ги потребите на локално ниво, како и можностите за соработка со сите релевантни чинители и институции.

Претходно вакви онлајн средби имаа грантистите од Скопскиот и Североисточниот и од Полошкиот регион, а за утре е предвидена дискусија на здруженијата од Југозападниот, Пелагонискиот и Вардарскиот регион.