Спинувањето – современ синоним за манипулација (Видео)

Современиот синоним за манипулација и пропаганда – спинувањето, во фокусот на третото видео кое заеднички го продуцираа Здружението Медиа плус и радио Канал 77.

Спиновите всушност, содржат манипулација со граѓаните во начинот на кој нештото се кажува или пак, во начинот на кој се избегнува да се кажат клучни работи во врска со одредена тема. Со ова, нема простор да се добие објективна слика за настаните, а тој што е изманипулиран не е свесен кој го убедил дека некои работи се подобри од тоa што навистина се или обратно – порачуваат познавачите на темата медиумска писменост.

Видеото кое е посветено на спинувањето, е последно од низата мултимедијални продукти кои Медиа плус ги објавува во соработка со Канал 77 како дел од проектот КриТинк на фондацијата Метаморфозис и центарот Евротинк.

Ова видео, исто како и претходните две, освен на социјалните мрежи може да се најде и на youtube.