Предновогодишна средба на Граѓански организации

Годината на заминување за граѓанскиот сектор во Штип, беше во знакот на младинското ангажирање. Ова, како свое искуство, го споделија повеќе граѓански организации, кои присуствуваа на новогодишното дружење, што здружението Медиа Плус, го организираше во Граѓанскиот ресурсен центар -ресурсен центар Штип.

На средбата на која присувствуваа 30 – тина  претставници на граѓански организации, млади, волонтери и граѓани, дел од присутните ги споделија своите успешни приказни за 2018 година. ЕД Виножито го истакна придонесот на нивните млади членови и волонтери, со оценка дека најголемиот дел од своите активности ги базираше на младинскиот ангажман. Со младите и со акцент на кариерното насочување изминатата година помина и за Инфо клубот и Симона Јордановска, која доби и професионален ангажман во организацијата.

Генерално, сите присутни оценија дека светла точка на годината беше отворањето на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип, кој со својата активност е значајна поддршка и помош за граѓанските организации. Граѓанскиот ресурсен центар за прв пат додели и сертификати за граѓанските активисти, кои поминаа повеќедневна обука за пишување проекти.

Поуспешна и подобра година за граѓанскиот сектор во Штип посакаа присутните на оваа предновогодишна средба, со очекувања за поголема поддршка на идеите на малуборјните активни граѓански организации, кои полека се активираат и си го заземаат своето место во општеството.

Забелешка:

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.