Дискусија со работилница „Волонтерството и развојот на заедниците“

Граѓанскиот ресурсен центар – ресурсен центар Штип организира дискусија со работилница на тема „Волонтерството и развојот на заедниците“ со цел, заедно со Вас, да допринесе кон одбележувањето на Меѓународниот ден на волонтерството – 5ти декември.

Настанот е наменет за заинтересирани претставници на граѓански организации/здруженија, млади, волонтери, граѓани…

 

Време: 05.12.2018 (среда) од 17:00 – 19:00 часот

 

Место: Ресурсен центар – Штип

(„Петта Партиска Конференција“ бб, Штип/Mултимедијален центар Канал77, 3-ти кат)

 

Пријавување:

Ве молиме да го пријавите своето учество на е-маил info.st@rcgo.mk најдоцна до 04.12.2018 год.

 

Материјали за работа:

Материјали за работа и освежување ќе бидат обезбедени од РЦ Штип.

Патни трошоци на учесниците НЕМА да се покриваат.

 

Програма за работа:

17:00 – 17:45 · Запознавање и цели на настанот

· Презентација/вовед: волонтерство, законска регулатива, видувања за тековни состојби

· Дискусија

17:45 – 18:15 Кафе/чај пауза
18:15 – 19:00 · Работилница: споделување на искуства и препораки за подобрувања

 

Контакт информации:

е-маил: info.st@rcgo.mk

телефон: 032 397 707, лок.208

078 378 031 (Дина)

 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.