Средношколците претпазливи кон медиумите (Видео)

Објавено на: 01/31/19 9:39 AM

Фото: PrtSc

Тинејџерите во потрага по одговори за медиумска писменост. Телевизијата Алсат и невладината Diversity Media  го објавија првиот видео прилог, од серијалот видеа кои се дел од проектот  Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк финансиран од Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк.

Проектот има за цел да поттикне соработката на полето на развој на критичко мислење и медиумска писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни. Дел од грантистите е и Здружението на граѓани Медиа плус, кое во рамките на овој проект соработува со Радио мрежа Канал 77.