Постизборен форум: Граѓанските приоритети во 100-те дена на новата локална власт

Граѓани, новинари и експерти в петок ќе дебатираат со надлежните од Општина Штип за прашањата кои приоритетно треба да бидат решени. 

Идеите и ставовите за ова, ќе бидат искажани на претстојниот постизборен форум насловен „Граѓанските приоритети во 100-те дена на новата локална власт“. Настанот кој го организира Здружението на граѓани „Медиа плус“ ќе се одржи на 9-ти февруари со почеток од 14:00 часот во Мултимедијалниот центар Канал 77 (Конгресна сала).