Завршува проектот на Канал 77 и Медиа плус за медиумска писменост

Објавено на: 03/28/19 5:56 PM

Три аудио, но и три видео спотови, како и една анализа – се мултимедијалните продукти што ги реализираа Здружението Медиа плус и националното радио Канал 77 во рамките на нивниот заеднички проект „За чест без стрес, најди ја вистинската вест“.

Станува збор за проект кој почна пред четири месеци, со цел да им се помогне на младите критички да размислуваат и рационално да ги опсервираат информациите кои медиумите секојдневно ги пласираат. Реализацијата на овој проект е пред самиот крај и веќе утре ќе се одржи и завршниот настан. Имено, во етерот на Канал 77 во живо ќе биде емитуван разговор со дел од учесниците во проектот кои ќе дискутираат на темата „медиумска писменост“, а за оние кои ја следат Фејсбук станицата Радио мрежа Канал 77 се предвидени и подароци.

Со ваквиот разговор во радискиот етер кој почнува во 11 часот и официјално ќе заврши кампањата преку која медиумски познавачи испратија пораки и совети до младите за тоа како да ги препознаат лажните, спинуваните вести, но и на дезинформациите, а која се реализира во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-Кри-Тинк“ имплементиран од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк-Центар за европски интеграции а финансиран од Европската Унија.

Продуктите на кои тимовите на Медиа плус и Канал 77 работеа изминативе неколку месеци, се достапни на следните линкови:

Анализа: Медиумски писмен граѓанин – За чест без стрес избери ја вистинската вест

Со аудио спотови, темата „медиумска писменост“ поблиску до младата публика

Видео: „Медиумска рапсодија“ музички ги води младите до медиумската писменост

Видео: Бидете одговорна публика: Со критичко размислување против моќта на дезинформациите

ВидеоСпинувањето – современ синоним за манипулација