Еразмус+ едукација за млади во Мултимедијален центар на Канал 77

Објавено на: 01/29/19 1:38 PM

Мултимедијалниот центар на Канал 77 денеска беше домаќин на еден од циклусот настани, каде младите се едуцираат како можат да се вклучат во Европската интеграција.  Настанот е поврзан за Европските едукативни програми, поточно за Еразмус+ програмата.

  • „ Проектот е насочен кон младите од Источна и Југоисточна Македонија, таргетирани се како региони каде е забележано најголемо иселување на младите. Со овој проект сакаме да ги активираме младите да си ги изразат своите потреби“, вели Сашо Петровски – од Холандската федерација за невладина организација СиЕмВиПи, кои свое седиште во Македонија има дванаесет години.
  • „Сите информации од инфо деновите како што е овој во Штип ги објавуваме на нашата веб и „Фејсбук“ страница“, додаде Александар Богоевски – претставник од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
  • „ Целта на програмата е размена на млади од било кои земји кои се или не се членки на ЕУ по разни теми “, рече Васко Хаџиевски – проектен асистент на проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ “.

Оние кои биле дел од ваква програма ги споделија искуствата.

  • „ Бев дел од проект во кој учествуваа осум држави. Се запознав со многу луѓе и научив повеќе за е – учење и користење на модул платформата за младински работници“, ни откри Драгана Митровиќ – Младински клуб, Штип.
  • „ Цел семестар поминав на Универзитетот во Марибор, Словенија на музичка академија. Имам само позитивни искуства … “ раскажа Петар Трбојевиќ – корисник на Еразмус+ програмата.