Дебата по повод Светски ден на учителот

Објавено на: 10/6/17 12:35 PM

По повод 5-ти Октомври – Светски ден на учителот, ЗГ Медиа Плус од Штип организира дебата со наслов:

„5 до 12 за реформи“

Во дебатата ќе присуствува Владо Димовски – советник на министерот за основно и средно образование, поканети се кандидатите за градоначалници на Штип, како и наставници и професори од основните и средните училишта.

 

Настанот ќе се одржи во конгресната сала на Мултимедијалниот центар „Канал 77“ со почеток од 11:55 часот.

Ве покануваме да присуствувате на дебатата.