logo official MK-1

Добре дојдовте на Медиа Плус

Здружението на граѓани МЕДИА ПЛУС од Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијата на Македонија и пошироко.

Медиа Плус на социјалните мрежи

contactus ctreia-youtube-logo facebook-logo linkedin-logo RSS logo twitter-logo-sm 

Граѓаните и надлежните расправаа за квалитетот на водата за пиење во Штип

javna rasprava 4

Каков е квалитетот на водата што секојдневно ја пијат граѓаните на Општина Штип  - околу ова прашање, копјата денеска ги кршеа претставници на граѓанскиот сектор и на локалната самоуправа. Тие ги истакнаа своите идеи и предлози на јавната расправа што ја организираше Здружението на граѓани „Медиа плус“.

Повеќе...

Штипјани бараат квалитетна вода за пиење и замена на старите цевки

Подземните води во коритото на реката Брегалница и натаму остануваат единствениот извор на вода за пиење на штипјани. Експерите тврдат дека граѓаните добиваат вода со висок квалитет, но по современ третман на речната вода во филтер станицата. На планинската вода од хидросистемот „Злетовица“ , Штип ќе почека, иако со смената на локалната власт преговорите со хидросистемот се интензивираа со најава дека следната година Штип ќе пие вода од „Злетовица“.

Постарите штипјани се’ уште ја паметат хидричната епидемија од осумдесетите години на минатиот век, од која заболеа неколку илјади граѓани. Фактите не се заборавени и тоа е една од причините што квалитетната вода за пиење отсекогаш била на самиот врв на приоритетите на граѓаните на Штип. Научната јавност е едногласна дека резултатите што постојано се добиваат покажуваат висок квалитет на вода за пиење што излегува од филтер станицата. Меѓутоа, граѓаните го поставуваат прашањето колку може да бидат квалитетни поземните води на реката Брегалница, која го поминува целиот источен регион каде работат рудници и има интензивно земјоделско производство со значајна употреба на пестициди, особено во времето на третман на оризовите насади во кочанско? Директорот на јавното претпријатие „Исар“, Живко Тасев уверува дека водата е квалитетна, под постојан мониторинг на надлежните инситуции.

-Имаме квалитетна вода, која оди на редовна проверка во Скопје и Штип и досега имаме добри резултати за квалитетот. Водоснабдувањето е во одлилна форма, бидејќи резервоарот од 1740 м3 и со издашноста на пумпите го дозволуваат тоа, изјави Тасев.  

резервоар

Повеќе...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои граѓаните на Штип следниот петок ќе расправаат со претставниците на надлежните институции, но и на локалната власт.

 

stiip

Јавната расправа ќе се одржи во 11 часот во Мала сала бр.2 во Општина Штип и е отворена за сите заинтересирани. Настанот го организира Здружението на граѓани „Медиа плус“, со  цел, јавноста подлабоко да се запознае со тековните состојби, но и со планираните проекти во овие области.

Повеќе...

Страница 1 од 7