„Медиа плус“ го истражува работењето на 20 најзадолжени општини
Преку регрантирање од проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, Медиа Плус веќе започна со прибирање на податоци од 20-те најзадолжени општини. Со цел да ги раздолжи со години таложените долгови, централната власт одлучи да земе кредит во висина од 120 милиони евра. Во текот на активностите од проектот, Медиа Плус, откако ќе ги приберат податоците, по што ќе се формираат кластери на информации. Обработката на податоците води кон анализа, во која, преку графички приказ и визуелизација ќе ја даде состојбата на долгот, за што е настанат и времето на задолжувањето.
Исто така, ќе се изработат две истражувачки стории, кои ќе бидат објавени во медиумите и податоците презентирани пред јавноста.
Информациите ќе бидат испратени до новинарите од локалните медиуми, во секоја општина поодделно.
Крајната цел е преку активностите, вклучувањето на медиумите да се даде приближно комплетна претстава за долговите на најзадолжените општини, изворите, (не)наменското трошење, реализација на буџетите и вработувањата на кои се троши најголем дел од општинискиот буџет.
Партнери во овој проект се Националната радио мрежа Канал 77.