Годишен извештај за 2011

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „МЕДИА ПЛУС“ – ШТИП ЗА 2011 ГОД.

НА СЕДНИЦАТА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ МЕДИА ПЛУС НА ДЕН 29.03.2012 СЕ ДОНЕСЕ И УСВОИ ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

Основано на 29.12.2006 год.
Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип
Тел/факс : 032/613 779
e-mail: info@mediaplus.org.mk
URL: www.mediaplus.org.mk

За целиот период на реализација на проектните активности  најзначајно достигнување е проектот Моја Општина реализиран со помош на Civica Mobilitas преку кој успеавме да допреме до суштинските проблеми кои ги имаат граѓаните од руралните општини со локалната самоуправа, јавната администрација, Советите на општините. Имаме детектирано 10 проблеми во 10 рурални општини во РМ и врз основа на нив истражувавме кои се причините за проблемите и добивме одговори од надлежните институции при што добивме и ветувања за нивно решавање. Продуциравме 10 емисии кои се емитуваа на национално ниво на Радио Канал 77. На крајот реализиравме контактна емисија со наслов Стадион во времетраење од 2 часа, каде имаше огромен интерес од слушателите, кои преку телефонски јавувања, чат, СМС и Facebook посочија уште многу проблеми во нивните општини. Проектот се спроведуваше во општините Новаци, Берово, Кривогаштани, Могила, Карбинци, Василево, Чашка, Богомила, Чешиново Облешево и Крушево во периодот од април 2011 до октомври 2011 година.
Врз база на податоците од емисиите изработивме билтени кои по е-маил ги дистрибуиравме до сите надлезни институции. Емисиите во аудио и текст формат ги објавивме и на веб страната на Медиа Плус, при што овозможивме транспарентност на нашите постигнати резултати а воедно и на проблемите со кои се соочуваат руралните општини.

 

Резултати кои се постигнати во периодот за кој се реализираше проектот

Активност/ Резултат Индикатор Очекувано (No/%) Остварено (No/%) Извор за верификација
1. Подготовка и продукција на
радио емисии и снимање на терен.
10 синопсиси со
10 разработени теми
10/100% 10/100% Архивиран текст материјал
во архива на Медиа плус
2. Емитување на радио
емисијата Моја општина
Продуцирани и емитувани:
Емисија бр. 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10
10/100% 10/100% Аудио материјал на CD
во архива на Медиа Плус
3.Реализација на контактна емисија Слушаност во терминот кога
се емитува емисијата на Канал 77
1/100% 1/100% Статистички податоци од
анализата на веб порталот
4.Продукција и дистрибуција
на информативен билтен
Готов билтен, текст и аудио
со детектиран проблем
10/100% 10/100% Печатена и аудио форма на
билтенот во архива на Медиа Плус
5. Подготовка на содржини за веб Поставена тема на веб со
можност за коментари и форуми
10/100% 10/100% Извештај од веб посети
6. Архивирање на веб материјалите
коментари и форуми
База на податоци 100% 100% Архивиран аудио и печатен материјал

 

Вкупен буџет одобрен и исплатен

Година Годишен буџет (во USD) Број на добиени грантови
2011 464.206,оо ден. 1

Во текот на 2011 год. Медиа плус организираше едукација за водители и маркетинг агенти. Обуката се спроведуваше во Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип, при што присутните добија работни материјали , презентации и печатени материјали за понатамошна работа.

Овие активносто Медиа плус ги спроведуваше волонтерски со сопствени средства и ресурси.

Наша мисија е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност на чинителите во извршната, судската и парламентарната власт. Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Медиумите ја имат контролната четврта власт и се главен коректор на општествените текови. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.