Моја општина 2011

Наслов на проектот:

“Моја општина”

 

Носител на проектот:

Здружение на граѓани Медиа плус

Период на реализација:

01 април – 30 септември 2011

Координатор на проектот:

Име и презиме Слободанка Блажевска

телефон: 032 613 779

e-mail: [email protected]

Буџет: 464.206 ден.

 

Општа цел на проектот

Подобрување на квалитетот на локалната самоуправа и односот кон граѓаните во руралните општини како крајни корисници на услугите

· Зголемување на транспарентност, отчетност и добро владеење

· Мегусебно информирање на градоначалниците, советите и раководните кадри во општините.

 

Активност/ резултат

Подготовка и продукција на 10 радио емисии и снимање на терен.

Продуцирани и емитувани 10  радио емисии Моја општина на Радио Канал 77

Продукција и дистрибуција на информативен билтен за секоја емисија посебно

Готов билтен, текст и аудио со детектиран проблем

 

Долгорочни резултати (исходи) на проектот

·  Потранспарентна општина, отворена за граѓанските потреби.

·  Јавна поддршка за руралните општини и заедници.

· Подобрување на информираноста на целокупната јавност за руралниот развој.

·  Воспоставување на подобра релација Општина-медиум.

·  Зголемена свест кај  јавната администрација и кај органите на локалната власт дека треба да го применуваат принципот на добро владеење бидејќи се под постојана лупа на јавноста.

· Охрабрени граѓани од руралните општини, свесни дека всушност заради нив постои општината и тие се директни избирачи од кои зависи власта во една општина.

· Подобрени услуги што ќе ги добиваат граѓаните од локалната администрација.

· Зголемен број на примени граѓани од страна на градоначалниците и локалната администрација.

· Зголемен број на иницијативи од страна на граѓаните.

· Зголемена информираност за граѓанските потреби и проблеми преку информативниот билтен испратен до градоначалници, членови на совети, секретари на општини и до министерството за локална самоупраа и други Министерства.

 

Емисија Моја Општина – Новаци

Во првата емисија од моја општина ќе се посветиме на проблемот на мариовци и на општина Новаци. Жителите на битолскиот дел на Мариово се жалат на тешки услови на патиштата со што се отежнува пристапноста и комуникацијата со неопходните места кој што повеќе не им се на располагање на мариовци.

 

Емисија Моја Општина – Берово (Малешевија ловишта)

Несомнено годинава ловиштата низ земјава станаа интересни, па освен ловните друштва за нив се заинтересираа и фирми или поединци кои успеаја да ги добијат тендерите за распишаните концесии преку Минситерството за земјоделство и шумарство. Дали грижата за состојбата со дивечот во шумите беше нивна идеја водилка или во прашање е економски бенефит од субвенционирањето  што го најавува државата? Одговорите на овие прашање допрва следуваат, но и споредбите со земјите од соседството кои  под капата на ЕУ се фалат со богати ловни сезони откако се приватизираа ловиштата.

 

Емисија Моја Општина – Кривогаштани

Општината Кривогаштани зафаќа површина од 89км 2 и е најмала од сите во Пелагонија со според пописот од 2002 година 6.150 жители што пак ако се анализира бртојот на жители од претходниот попис во 1994 значи над 300 жители помалку а што укажува на тенденцијата на пад на наталитетот и отселување.

 

Емисија Моја Општина – Могила

Белата чума опасно ја демне Пелагонија. Пелагонскиот регион, Мариво, пограничните села со Грција и демирхисарскиот крај се соочуваат со бела смрт предупредуваат македонските демографи. Ова е последица на големата миграција на населението од село во град во 60, 70 и 80 години на минатиот век.Најзагрозена е состојба во Пелагонија и маривските села. Таму е драстично изразена тенденцијата на депопулација, како последица од масовните иселувања на селата. Во срцето на Пелагонија, најплодната житница во државата се наоѓа село по име  Горна Чарлија. Во ова село одамна нема жители. Сите до еден се иселиле и заминале во град или пак на печалба во далечните земји. Таму само одвреме навреме се навраќаа тамошните жители колку да ги посетат старите огниште.

 

Емисија Моја Општина – Карбинци

И понеколкуте обиди за активирање на т.н. селски амбуланти, околу 4.000 жители од Карбинци и понатаму се без елементарна здравствена заштита. Немаат ниту лекар ниту аптека. За да ги добијат некои од нив  патуваат и по 30 километр и до најблиската амбуланта и аптека. Дел од вината за ваквата состојба општинските власти ја лоцираат и кај  лекарите  кои несакаат да работат на село.

 

Емисија Моја Општина – Василево

26 септември 2010 , овој датум жителите на општина Василево долго ќе го паметат. Обилниот дожд кој паѓаше повеќе од 5 часа уништи цели посеви , инфраструктура , поплави домови….Општината веднаш побара од државата веднаш да им помогне, бидејчи се беше поплавено а штетите огромни.

 

Емисија Моја Општина – Чашка (Деца Глумци)

Ебедин Шакиров, четиринаесетгодишно момче, од селото Горно Јаболчиште сака да биде актер иако досега никогаш не било на театар. Тој го сонува сопствениот филм за Холивуд а живее во Горно Јаболчиште, село под планината Јакупица ,оддалечено 40-тина километри од административниот центар во општина Чашка, 60 км од Велес и илјадници километри далеку од Америка.

 

Емисија Моја Општина – Богомила/Долнени (Заборавениот пат)

При пат се без пат , што меѓусебно ги поврзува жителите на општините Долнени и Чашка. Државата пред 25 години почнала да го гради патот од Долнени до Богомила, под планината Даутица и под Орешка чука, но никогаш не ги изградила 12-те километри. Толку е долг заборавениот пат. Четврт век жителите од Долнени и Богомила, две соседни општини, наместо да патуваат по12-сет минат 120 км, во еден правец. Најнапред од Долнени до Прилеп, потоа преку Плетвар до Велес и на крај од Велес до Богомила.Исто е и во обратен правец.

 

Емисија Моја Општина – Чешиново/Облешево 

Една третина од површините под ориз во оризопроизводниот регион на Кочани се лоцирани во Општина Чешиново-Облешево, каде што се лоцирани најголем дел од откупнопреработувачките капацитети. Според информациите од теренот, во моментот откуп на оризовата култура воопшто нема.

 

Емисија Моја Општина – Крушево

По смртта на Тоше Проески илјадници домашни и странски гости се навраќаат на највисокиот град на Балканот,кој се наоѓа на 1200 метри надморска височина, притоа давајќи му живот на градот кој е богат со култура и историја.Сега за  Крушево се знае многу повеке од кога и да било до сега. Градот кој според население е како секое поголемо село бидејќи брои само 5000 жители се соочува со безброј инфраструктурни проблеми.

Стадион 24.09.2011