Велес: Педалинки за премин на улица
Велес е распослан на неремен, ридест терен, што го става на врвот за решавање проблемот со атмосферската вода. Особено за жителите на пониските делови на Велес, кои стравуваат од секој најавен дожд. Надлежните велат дека нема магично стапче за ваква кофигурација на теренот, но граѓаните повикуваат да се решава дел по дел, бидејќи еден дел од годината живеат под вода. Убавка Јаневска ги слушна поплаките на граѓаните, а потоа ги праша надлежните од општината, што мислат да направат со овој граѓански проблем.
Додека е жив, велешанецот Ване Михаловски, нема да го заборави датумот 11 август 2010 година. Тогаш Велес беше потопен од краткотраен обилен летен дожд. Водата што надоаѓаше од ридот Вршник кон улицата „Мицко Козар“ го поплави катот од семејната куќа на Михајловски и приземјето во кое работеше нивното радио. Ване и денеска, шест години по поплавата, не може да ја заборави глетката кога преку потпорниот ѕид, долг 12 метри, стотици литри вода како водопад, за помалку од пет минути, се прелеаја во горниот двор и навлегоа во домот додека неговото семејство се обидуваше да ги исцрпи со лонци, кофи, легени и тенџериња.
– Кој како се снаоѓаше ја црпевме водаата и ја исфрлавме водата надовор, мислевме дека ќе може нешто да спасиме. Ама тоа не помогна. Вработениот техничар во радиото се качи и викна :„Брзо, тече вода по ѕидовите!“. Кога отидов долу видов дека тече вода од сијалицаата проби вода, од инсталацијата. Водата почна обилно да тече по миксетата, по самите компјутери, се присетува Михајловски.
– Ване и денеска, шест години по поплавата, не може да ја заборави глетката од улицата кога водата од улицата како водопад влегувала во дворот. Стотиците литри вода не успеала да ги прифати канализационата улична цевка. По мало наттегање, општината ја променила цевката и направила поширока. Но, штетата е направена.
Проценката на вкупната штета од проценителите на општина Велес изнесуваше 28 илјади евра но, Михајловски добија само 20 илјади денари.
-Другиот ден дојде градоначалникот Горан Петров, се сликаше, кажа многу убави зборови дека ќе помогне Градот. После 3-4 месеци ни доделија 20 илјади денари отштета. И до ден денеска никој не ме обештетил, а морав да се исселам. Ден денеска не се јавиле, ниту ќе се јават. За овој проблем, кога ја пуштаа болницата во Јасеново го запознав и премиерот. Рече „дај број, ќе ти помогнат“. Мислам, беше само вежбање на мозокот, не помогна ништо, вели Михајловски.
Михајловски го затворија радиото. Сами го оспособи катот на куќата и по неколку месеци повторно семејството се всели во домот. Потоа од општината едвај успеја да издејствуваат барем поширока уличната одводна цефка за да може сега поголема количина од атмосферската вода да се прифаќа и внесува во градската канализација.
Педалинки за премин на улица
Ова велешко семејство не е единствено што досега настрадало во поплава по обилен дожд. Градот е распослан на ридест терен, на двата брега на реката Вардар. Велес нема атмосферска канализациска мрежа во која, со секој дожд, би се слевале реките со вода кои од врвовите на ридовите течат кон подножјето, поточно на централните градски улици и секојпат со себе носат земја, карпи и камења. Тогаш улици се претвораат во езера, велат граѓаните, кои се жалат дека со години нема решение за проблемот.
– Не може да поминуваме. Тогаш само чизми до коленици само така може да се помине. Во Велес никогаш немало атмосферка канализација и во догледно време нема ни да има. Сите води се собираат токму тука на оваа улица „Благој Ѓорев“ . И другата канализација не е добра, а не пак атмосферската. Треба да го решат проблемот, и тргнаа, но цевката остана точно до црквата, кај Гимназијата и тука се затвори, не продолжи кон Вардар, вели жител на Велес.
– Искрено, педалинка треба да земеш за да поминеш. Значи, катастрофа е. Дали е во прашање неисчистено тука, канали. Не знам што, но оваа улица е секојпат проблематична.
Медиа плус: Му треба ли на Велес атмосферска канализација?
– Му треба, како не му треба. Да биде подобро за нас граѓаните, зашто кога има дожд не може да се минува, вели еден повозрасен велешанец.
Зошто не се зафатат со изградба на атмосферска канализација во Велес досега биле прашани неколкумина градоначалници. Во одговорот што на новинарите им го даваа Горан Петров, Аце Коцевски и Ордан Николовски тие велеа дека станува збор за скап инфраструктурен проект, околу 30 милиони евра, што градот ги нема. Според нив решението требаше да се бара во користење на сретства од фондовите на ЕУ или да се бара финансиска помош од државата.
Актуелниот градоначалник, Славчо Чадиев пак со оптимистичен одговор. Општината со еден проект конкурира за грант од Шведската влада а со вториот во висина од 17 милиони евра се бараат европски пари, од ИПА 2 програмата 2014 -2020 за изградба на фекална канализација со пречистителна станица во Велес, вели Чадиев.
– Таков проект трае долго. Со оглед на кофигурацијата на теренот за да се изведе издвојувањето и да се приклучи кон прочистителната станица, според физибилити студијата ќе треба најмалку 4-5 години да се работи контиуирано. Тоа значи одвојувањето од атмосферската канализација. Тоа значи копање, комлетно раскопување на целиот град. Тоа е работа што во иднина, дали јас како градоначалник или некој друг, нема бегање. Таму мора да се стави, вели Чадиев.
Решение има
Наместо за грандиозното и помалку остварливо, стручњаците наспроти политичарите, се определија за поедноставното и побрзо остварливо решение -изградба на делови од атмосферска канализација. Градежниот инжинер во пензија Ангел Маџаров се до своето пензионирање работеше во велешкото јавно комунално претпријатие. Тој вели Велес нема атмосферска канализација но до 2003 година се изградија краци и ги собираат поројниците на централната градска улица „Благој Ѓорев“.
– Не е едноставна атмосферската вода за градови, особено за конфигурација како што е Велес. Магично стапче нема. Ова со мали зафати сливниците да работа, со мали канафки покрај тротоарите кои одат во сливници, има примери на градови кај што се направени одводни канали – над највисоките куќи се прави канал во форма на трапез каде што водата ја евакуира на безбедно место и му се дава нему место кон еден или друг дол и спречува од повисоките ридови. Спрелува дополнително од повисоките ридови не само на територијата на градот, туку и ндвор, како кај Велес што имаме, го има и во груги градови. Значи, решенија ги има треба едноставно да се седне да се анализира и чекор по чекор да се решава, изјави Маџаров.
Инжинер Маџаров вели дека првиот ваков крак за прибирање на атмосферска вода во Велес бил изграден 1934 година и сега се користи во близина е на основното училиште Васил Главинов. Во него тече атмосферска вода од кракот поставен кај старата зграда на Антитуберколозниот диспанзер како и од Нова населба и ја заштитува железничката пруга за Битола, велешка Маслодајна, како и пругата за Гевгелија а мине и под фабриката за конци Ветекс за на крај водата да се слее во река Вардар во близина на управната зграда на комуналното претпријатие и централниот градски парк, каде водата се слева во река Вардар, во близина на . Постојат од во време искуствата треба да се најдоброто решение го дала поставената Решетката на популарно нареченото место Ќоше ја собра поројницата од втор Болнички Дол, втор болнички дол, ја соберат дождовницата и поод својот став го брани со веќе изградените краци на атмосферска канализација во Велес со кои делумно е подобрена состојбата на три места во Велес.
Организрањето на комуналните дејност, каде спаѓа и одведување и испуштање на атмосферски води, под што се подразбира прифаќање на атмосферските води од урбани површини, одведување со канализациона мрежа и испуштање е надлежност на општината.
Општините го пропишуваат начинот на организирање и вршење на комуналните дејности, како и начинот на користење на комуналните услуги.
Според законот за комунални дејности, од комуналниот надоместок што се собира од граѓаните, стопанските капацитети и останати корисници, општината го финансира прифаќањето, одведување и пречистување на отпадни и атмосферски води. Општината е должна да го уреди и организира одведувањето на атмосферските води до колекторскиот систем.
За висината и начинот на распределбата на средствата за вршење на комуналните дејности одлучува советот на општината.
Кога граѓаните ќе побараат изградба на потпорен ѕид или друга инфраструктура, која целосно или делумно би им го решила проблемот, најчесто општините одговараат дека и гражаните треба да учествуваат со пари или пак целсно им го префрлаат финасирањето. Затоа пак, граѓаните можат да побараат решавање на проблемот на улицата и реонот во кој живеат преку влегувањето на проектот во буџетот за наредната година.
„Граѓаните имаат полно право да учествуваат во процесот на креирање на буџетот, пред се во процесот на утврдување на годишните планови и приоритети на општината“.
По дадените насоки од градоначалникот, сите директни корисници на буџетски средства од општината доставуваат финансиски планови коишто се вклучуваат во буџетот. Во оваа фаза буџетот се доставува до советот и има форма на нацрт-буџет.
Како да се постигне тоа: Најефикасен начин за граѓанско учество во овој процес, односно во фазата на нацрт-буџет се јавни трибини и дебати со градоначалникот и со членовите на советот на општината во периодот на подготвување на буџетот.
Овие дебати треба да се спроведуваат со активно учество на претставниците на општината и на граѓанските организации/граѓаните. Дебатите мора да бидат структурирани на начин на којшто преку аргументирани излагања ќе се дојде до прецизни препораки и заклучоци за приоритетите на граѓаните коишто во натамошниот процес општината ќе ги земе предвид и ќе ги вклучи во буџетот
Некои општини организираат форуми на заедницата каде на непосреден начин граѓаните го креираат буџетот на општината и нивните предлози влегуваат за финасирање