(Видео) Дислоцирањето на Усје е невозможна мисија, а на Вардариште живеат 30 семејства што бара вклучување на институции – Каранфилова Мазневска во „Стадион“
Депонијата Вардариште во Скопје, која ланската година предизвика вистинска еколошка катастрофа, не е само место за депонирање на ѓубре. Тоа е место каде живеат 30 семејства и на некој начин, живеат од депонијата. Неодамна Вардариште беше исчистено, меѓутоа, според Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, бара вклучување на повеќе институции.
-Неспорно е дека Вардариште треба да се затвори, но имаме и социјален момент – имаме и 30 семејства што живеат таму. Од тие семејства дел се фантоми, немаат ни матичен број. Не можете само за животна средина, туку мора да се вклучат повеќе институции и сите заедно треба да работат. Она што го направивме таму, има контролен надзор, забранет е пристап на неовластени лица за да не се случува неформалниот сектор што собира, контејнери, тука им е чисто па истураат па палат да добиј бакар, железо, затоа таму постојано имаше пожари и мириса, рече Каранфилова Мазневска во „Стадион“ на Канал 77.
На прашањето дали е можна дислокација на Усје, како што бараат граѓаните кои протестираат против аерозагадувањето, Каранфилова Мазневска со став:
-Невозможна мисија. Може и да се дислоцира, не велам не, но кои ќе бидат последиците? Сите цементари горат отпад, самиот процес е таков. Технологијата е согорување на отпад на 1100 степени. Може да се јават на согорување на 500 – 600 степени канцерогени материи, но не и таква висока температура, објаснува раководителката на Секторот отпад, Ана Каранфилова Мазневска.
Според неа, кога е во прашање отпадот, клучно е како се спроведува законот и надзорот.
