Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за организирање на средби со заедницата подготвување на документ Листа со потреби и предлози

март 14, 2025

Здружението на граѓани Медиа Плус со финансиска поддршка од Евротинк Центар за европски стратегии, во рамките на проектот ,,Граѓаните и медиумите го озеленуваат Поглавјето 27„ на ден 14.03.2025г., објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за организирање на средби со заедницата подготвување на документ Листа со потреби и предлози.

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

Подготовка, одржување и информирање за и од три консултативни средби со граѓаните, граѓанските организации, неформалните граѓански организации и други засегнати страни и институции чија директна надлежност се прашања кои се опфатени со Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени (општина, Сектор за животна средина, еколошки инспектори, јавни претпријатија, приватен сектор кој работи во областа). Средбите со заедницата се планирани во три градови – Штип, Кочани и Делчево со присуство на граѓани и претставници на институциите за заемно информирање и запознавање со потребите. На овие три средби ќе бидат поканети да присуствуваат и претставници од местата кои гравитираат кон овие три града.

Средбите се од структуран тип, со презентирање на состојбите на терен, потоа ставовите, предлозите и барањата на граѓаните и граѓанскиот сектор и активностите и плановите на надлежните институции во секторот. Пред подготовка на средбите со заедницата, ќе има обврска да се сретне со сите засегнати страни и учесници во процесот, со цел подобро запознавање и артикулирање на потребите пред одржување на средбите со заедницата. По завршување на секоја од трите средби ќе има обврска да подготви листа со потреби и предлози.

Овие средби се информативна платформа на која ќе бидат презентирани досегашниот напредок во Поглавјето 27 изразено и преку текот на проектот за регионално управување со отпад, ЕУ директивите од оваа област, како и очекуваните промени што треба да ги донесе натамошниот тек на пристапниот процес.

Средбите со заедницата ќе бидат и подлога за подготовка на новинарската продукција, преку нотирање на ставите и размислувањата.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати/ки:

  • Да има претходно искуство во подготовка на организациски документи;
  • Да ја познава законската рамка релевантна за подготовка на овие документи;
  • Искуство со фасилитација на јавни консултации/работилници – бидејќи задачата е интерактивна и бара управување со групна динамика.
  • Комуникациски и аналитички вештини – за да може да ги претвори дискусиите во јасни и употребливи извештаи.
  • Локално познавање на источниот регион

НАДОМЕСТОК И ВРЕМЕНСКА РАМКА

Предвиден е вкупен паричен надоместок од бруто износ од 3150 евра во денарска противвредност. 

Временската рамка за подготовка на тематските извештаи е 6 месеци почнувајќи од 1 април, до 31 август, 2025 година.

НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Рок за поднесување на апликации е до 21.03.2025 година.

Документи за аплицирање за овој повик се следниве:

  • Кратка биографија (на македонски јазик);
  • Мотивационо писмо со напоменати два претходни ангажмани од иста или слична тематика и други карактеристики со кои ги исполнува критериумите за подобност.

Потребната документација треба да се испрати електронски на [email protected]

За сите дополнителни прашања можете да ни пишете на [email protected]