Ја споделуваме кратката Анализа со наслов:„ПОЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ – Предлог препораки за општините од Источниот плански регион“, продукт од  проектот „Граѓаните и медиумите го „озеленуваат“ Поглавјето 27“ на ЗГ „Медиа плус’ од Штип.

Оваа анализа дава преглед на фактичката состојба во управувањето со цврстиот комунален отпад, состојбата на општинските депонии, подготвеноста на надлежните институции во Источниот плански регион за реализација на проектот за регионална депонија, како и степенот на вклученост на граѓаните и граѓанскиот сектор во овој процес.

На крај од публикацијата се и препораките за надминување на состојбите.