Штипјани за пофункционален Штип
Го споделуваме Документот со приоритети и препораки на граѓаните на Општина Штип во областите урбанистичко планирање, инфраструктура и заштита на животната средина што е продукт на серијата средби кои Здружението на граѓани „Медиа плус“ од Штип ги организираше во периодот мај – јули 2025 година. Документот ги содржи ставовите, забелешките, размислувањата и препораките на граѓаните, претставници на граѓански организации, претставници на политичките партии, бизнис секторот, млади, претставници на ЈП „Исар“ и општината. Во документот се дефинирани проблематичните делови од тематските области на проектот – урбанистичко планирање, инфраструктура и заштита на животната средина, како и потребите и предлозите за нивно унапредување.
