Изградбата на нови згради без паркинзи и зеленило – најголем проблем за штипјани во областа урбанизам
Зафаќањето на скромното градско зеленило и узурпацијата на јавниот простор што им припаѓа на сите граѓани го проблематизираат граѓаните на Штип, кои одговорија на онлајн прашалникот што го подготви ЗГ Медиа плус од Штип. Од одговорите, граѓаните реагираат и на тоа дека изградбата на новите градби се одвива без претходно соодветно да се организираа јавна расправа или да се информираат граѓаните, пред се’ соседите кои се соочуваат со тешкотии во сообраќајот, делење на и онака оскудниот заеднички простор.
Во проценти на онлајн прашалникот, 66,9% рекле дека одлуките за урбанистички промени се носат без вклучување на граѓаните, 41% рекле дека последните години нивниот микро простор претрпел промени, а 80% се загрижени за текот на урбанизацијата на градот. 83,8% никогаш не биле поканети на јавна расправа или консултација.
Најголема загриженост граѓаните на Штип имаат за внесување на згради во спортско – рекреативен дел, па дури и во паркови, узурпацијата на тротоарите од возилата, за што сметаат дека општината и јавно – комуналните претпријатија заедно со МВР – СВР Штип не си ја вршат својата надлежност. Бараат построги казни, одржување на зеленилото, повеќе паркови, и клучно – подобро управување со отпадот. Дел од луѓето со кои разговараме се пожалија на непријатен мирис, за кој сметаат дека доаѓа од градската депонија и непријатниот мирис, а 46,3 % сакаат веднаш да отпочне селекцијата на отпадот. Се забележува на сообраќајниот хаос и сметаат дека нема соодветна казнена политика.
Прва мерка за 44,9% според граѓаните е да се донесе забрана за градење во зелени појаси. Второ што може да направи општината во овие области е зачувување на постоечките паркови и обврска на инвеститорите да создадат нов јавен простор.
Граѓаните даваат приоритет на неколку проекти, на кои очекуваат да работи локалната власт во соработка со централната власт, а тоа е изградба на Дом за стари лица, обезбедување на простор за млади и повеќе зелени површини.
Во продолжение и дел од одговорите на граѓаните на понудениот прашалник:
