Жените ги обликуваат приоритетите на заедницата

Во општините Кичево и Гостивар — Југозападниот и Полошкиот плански регион — се одвива значајна трансформација во насока на унапредување на родовата еднаквост и граѓанското учество. Жените, особено оние од руралните средини, сè поактивно се вклучуваат во креирањето на локални политики и решавањето на проблемите во заедниците.
Оваа промена се реализира преку проектот „Гласот на жените од руралните средини” спроведуван од Здружението на жени фармери Моја Фарма Гостивар, во партнерство соИнститут за едукација, стратешки истражувања и анализи – Рурал Тинк, Кичево. Проектот се спроведува во периодот јануари – септември 2025 година и има за цел да ги засили капацитетите на општините за родово одговорно програмирање и истовремено да овозможи директно вклучување на граѓаните, особено жените, во процесите на донесување одлуки поврзани со локалниот развој и социјалната заштита.

Преку родови анализи, јавни дебати, документи за јавни политики и родово-одговорни форуми, проектот успеа да воспостави мост помеѓу институциите и заедниците, креирајќи основа за поинклузивни и праведни локални политики.
Проектниот тим реализираше родова анализа на три програмски документи во двете општини:
- Програма за локален економски развој
- Програма за социјална заштита
- Програма за родова еднаквост
Анализата утврди јасни области каде родовата перспектива недостига и служи како основа за два документи за јавни политики. Преку визуелни материјали и инфографици, резултатите беа презентирани пред јавноста, со цел да се поттикне свесност и институционална реакција.
