Барање понуди за набавка на кафе, освежување и други мали набавки

14.08.2024      Штип

ПРЕДМЕТ: Барање понуди за набавка на кафе, освежување и други мали набавки Почитувани,

Здружението МЕДИА ПЛУС – Штип Ве поканува да доставите понуда за набавка на кафе, освежување и други мали набавки за потребите на проект Граѓански Ресурсен Центар Фаза 2 на Здружение на граѓани Медиа Плус Штип :

Артиклите ќе се набавуваат сукцесивно – зависно од тековни потреби на набавувачот – во тек на целата година, во периодот од 20.08.2024-31.12.2026 а ќе се плаќа по доставување на испратница и фактура од добавувачот.

Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Граѓански ресурсен центар за граѓански организации-Фаза 2“, финансиран од Европската Унија (ЕУ).

Понудата треба да биде во следниов формат:

 Цена без ДДВ
Нес Кафе Класик 200 гр. 
Нес кафе Голд  200 гр.  
Кафе Еспресо-филтер 250 гр. 
Кафе Ц-Минас 200 гр. 
Шеќер 1 кг. 
Вода негазирана  1,5 лит 
Вода негазирана  0,5 лит. 
Вода газирана  1,5 лит 
Вода газирана  0,5 лит. 
Кока Кола 
Фанта 
Џус тетрапак, јаболко 1 лит. 
Џус тетрапак, праска 1 лит 
Леден чај праска 1,5 лит. 
Млеко тетрапак 1 лит. 

 *Забелешка: Единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.

Критериум за избор на добавувач е цената и квалитет.

Набавката е делива.

Набавувачот го задржува правото за избор на повеќе од еден добавувач.                

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).

Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул. „5та Партиска Конференција“ бб 2000 Штип) или преку е-пошта (info@mediaplus.org.mk). Рокот за доставување на понудата е 5 работни дена од објавата на ова барање за понуда на www.mediaplus.org.mk .

Доколку понудата се праќа по е-пошта, документите со печат и потпис треба да се скенирани.

Понудата треба да се достави најдоцна до 14.08.2024 година.

Со почит

Филип Шумански, Претседател