Барање понуди за набавка на кафе, освежување и други мали набавки
14.08.2024 Штип
ПРЕДМЕТ: Барање понуди за набавка на кафе, освежување и други мали набавки Почитувани,
Здружението МЕДИА ПЛУС – Штип Ве поканува да доставите понуда за набавка на кафе, освежување и други мали набавки за потребите на проект Граѓански Ресурсен Центар Фаза 2 на Здружение на граѓани Медиа Плус Штип :
Артиклите ќе се набавуваат сукцесивно – зависно од тековни потреби на набавувачот – во тек на целата година, во периодот од 20.08.2024-31.12.2026 а ќе се плаќа по доставување на испратница и фактура од добавувачот.
Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Граѓански ресурсен центар за граѓански организации-Фаза 2“, финансиран од Европската Унија (ЕУ).
Понудата треба да биде во следниов формат:
| Цена без ДДВ | |
| Нес Кафе Класик 200 гр. | |
| Нес кафе Голд 200 гр. | |
| Кафе Еспресо-филтер 250 гр. | |
| Кафе Ц-Минас 200 гр. | |
| Шеќер 1 кг. | |
| Вода негазирана 1,5 лит | |
| Вода негазирана 0,5 лит. | |
| Вода газирана 1,5 лит | |
| Вода газирана 0,5 лит. | |
| Кока Кола | |
| Фанта | |
| Џус тетрапак, јаболко 1 лит. | |
| Џус тетрапак, праска 1 лит | |
| Леден чај праска 1,5 лит. | |
| Млеко тетрапак 1 лит. |
*Забелешка: Единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.
Критериум за избор на добавувач е цената и квалитет.
Набавката е делива.
Набавувачот го задржува правото за избор на повеќе од еден добавувач.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).
Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул. „5та Партиска Конференција“ бб 2000 Штип) или преку е-пошта ([email protected]). Рокот за доставување на понудата е 5 работни дена од објавата на ова барање за понуда на www.mediaplus.org.mk .
Доколку понудата се праќа по е-пошта, документите со печат и потпис треба да се скенирани.
Понудата треба да се достави најдоцна до 14.08.2024 година.
Со почит
Филип Шумански, Претседател
