Барање понуди за набавка на канцелариски/потрошен материјал 

03.03.2023       Штип

Почитувани, 

Здружението МЕДИА ПЛУС – Штип Ве поканува да доставите понуда за набавка на канцелариски/потрошен материјал: 

  1. тонери за печатач (HP Color LaserJet Pro MFP M477 PCL-6);
  2. друг канцелариски материјал (листа артикли).

Материјалот ќе се набавува сукцесивно – зависно од тековни потреби на набавувачот – во тек на целата година, а ќе се плаќа на квартално ниво по доставување на испратница и фактура од добавувачот.

Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Граѓански ресурсен центар за граѓански организации-Фаза 2“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). 

Понудата треба да биде во следниов формат:

Содр. бр.Опис на производ/услугаКоли-чинаЕдинечна цена без ДДВ (МКД)*
 Тонер за печатач модел HP Color LaserJet Pro MFP M477 PCL-61 парче 
Друг канцелариски материјал
 Хартија за копирање и печатење, А4, бела, 80гр. (1 рис = 500 листа)1 рис 
 Хартија, А4, во боја, 160гр. (1 лист)1 лист 
 Регистратор А4 формат, во боја1 парче 
 Плик Б4 1 парче 
 Плик Б51 парче 
 Плик Б61 парче 
 ПВЦ Фолија за документи А4 (пакување од 100)1 пакување 
 ПВЦ Папка со метален механизам во боја1 парче 
 Картонска папка со крилца1 парче 
 Флип чарт хартија 1 топ 
 Маркер за бела табла1 парче 
 Текст маркер1 парче 
 Деловодна книга1 парче 
 Пенкало1 парче 
 Молив 1 парче 
 Острилка за молив1 парче 
 Гума за бришење1 парче 
 Лепак (течен)1 парче 
 Лепак (стик)1 парче 
 Селотејп тесен1 парче 
 Креп трака 1 парче 
 Самолепливи стикери во боја1 парче 
Содр. бр.Опис на производ/услугаКоли-чинаЕдинечна цена без ДДВ (МКД)*
 Муниција за хефталка/хефт игли (кутивче)1 кутивче 
 Спајалици обични (кутивче)1 кутивче 
 Пинови/1 кутивче 
 Тетратка А51 парче 
 Тетратка А41 парче 
 Алкални батерии АА од 1,5V1 парче 

*Забелешка: Единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.

Критериум за избор на добавувач е цената и квалитет.

Набавката е делива. 

Набавувачот го задржува правото за избор на повеќе од еден добавувач.                   

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).  Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул. „5та Партиска Конференција“ бб 2000 Штип) или преку е-пошта (info@mediaplus.org.mk). Рокот за доставување на понудата е 5 работни дена од објавата на ова барање за понуда на www.mediaplus.org.mk .

Доколку понудата се праќа по е-пошта, документите со печат и потпис треба да се скенирани. 

Понудата треба да се достави најдоцна до 20.03.2023 година.

Со почит,

Филип Шумански, Претседател