Препораки од работната група за унапредување на комуникацијата на Општина Штип со граѓаните

Дел I: Дигитализација, комуникација со граѓаните и граѓанските организации:

 

  1. Потребни се поквалитетни содржини на интернет страната на Општина Штип gov.mk од интерес на граѓаните, кои ќе информираат за актуелностите на Општината со сите нејзини институции и тела. Сеопфатни информации, вклучувајќи и сервисни од јавните претпртијатија, со цел да се избегне сајтот да биде билтен од работата на градоначалникот.
  2. Олеснување на доставување на барањата до општинските служби. Да се поедностави процедурата за добивање на одредени општински услуги, со едноставни објаснување и поставување на формулари, кои во еден клик ќе водат до комплетно администрирање на барањето.
  3. Воведување на опции за финансиско работење преку општинскиот сајт, односно можност за плаќање онлајн. Препорака да се соработува со сигурна фирма, која ќе понуди безбедносни сертификати со цел безбедно финансиско работење. За таа цел, потребна е надградба на сајтот.
  4. Видливи и лесно достапни информации на интернет страната за електронско пријавување на проблеми до инспекциите и дежурните служби на јавните претпријатија.
  5. Воведување на дигитални алатки за комуникации, како обновување на „Систем 48“ за пријава на комунални и други проблеми, или воведување на апликација со ваква намена, применлива за мобилни телефони, таблети и компјутери.
  6. Враќање на Е-општина, едношалтерски административен и финансиски систем за работење во делот на давањето на улуги и работењето со граѓаните.
  7. Ревидирање на сите до сега употребени форми и дигитални системи што биле дел од сајтот на општината.
  8. Поголема транспарентност преку воведување на редовен дневен билтен со информации за граѓаните, преку пријавување на е-маил за доставување на информации од интерес на граѓаните. Исто така, може да се користат и најпопуларните апликации за мобилен телефон, таблет или компјутер. Овој дневен билтен, збогатен со информации, кои ги содржи и интернет страната, да биде достапен за сите кои ќе изразат интерес, а не само ограничен број на луѓе. Дневниот билтен за новинарите останува како засебна активност во функција на најава на дневните настани, додека формата наменета за општата јавност, заинтересирана да биде информирана да проширена со содржините до дневните активности и случувања.
  9. Споделување на документи, акти, списи и друг вид на материјали, за кои граѓаните можат да покажат интерес, со цел поголема транспарентност на општината.
  10. Овозможување на квалитетен видео пренос од седниците на Совет на Општина Штип, преку набавка на основната опрема. Преносите биде се одвивале на Youtube или други видео платформи, споделено на Фејсбук.
  11. Потребно е спроведување на повремена,циклична анализа меѓу граѓаните за тоа колку се информирани за работата на општината и нејзините институции, односно каде можат да се обратат за одреден проблем. Ова со цел локалната власт да добие слика колку е транспарентна заедно со јавните претпријатија и институциите и тоа да влезе во годишните програми, како редовна активност. Своевидна евалуација на работењето.
  12. Утврдување на приоритетите на граѓаните на годишно ниво, со оглед на тоа дека зависно од условите и општествената ситуација, потребите, проблемите и приоритетите на граѓаните се менуваат, а општината треба да биде во тек заради утврдување на приоритети во креирањето на политиките и буџетот. Оваа активност се планира во Буџетот на Оштината, а како форма може да се примени структурана анкета или граѓански форум.
  13. Професионализација на Секторот за односи со јавност со предлог, колку луѓето во овој сектор не се со новинарско образвание или не доаѓаат од сектор медиуми, општината да побара да се обучат од институциите од јавен сектор, како Универзитетот „Гоце Делчев“, за што може да се впоспостави меѓуинтитуционална соработка. Како алтернатива, Општината може да побара аутсорсинг, односно делот на информирање на граѓаните да го водат надворешни соработници. Ова особено се однесува на делот на пренос на седници.
  14. Изработка на Програма за комуникација и нејзина примена. Оваа програма, според структурата содржи принципи и протоколи за внатрешно и надворешно комуницирање, алатки за комуникација и форми кои ќе се користат.
  15. Да се изработи и применува процедура за процесот на комуникација и соработка со јавноста во подготовката/креирањето на буџетот и донесувањето на Буџетот како и на другите стратешки документи.

 

Дел II: Соработка со граѓански организации(ГО)

 

  1. Регистер на активни граѓански организации во Штип со нивни контакти со редовно дополнување. Преку јавен повик се организира редовното дополнување на овој регистер, со тоа што се пополнува прашалник од страна на ГО.
  2. Разграничување на спортските здруженија кои се регистрирани согласно Законот за спорт  од другите граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Разграничувањето треба да се однесува и на посебни ставки во Буџетот на општината, каде ќе биде јасно колку средства општината доделува на спортските здруженија, а колку за трансфери до НВО. Досега беше пракса сите средства доделени на спортските клубови да се регистрираат во ставката за трансфери до НВО и се добива впечаток дека  општината ги финансира граѓанските организации со огромни суми.
  3. Дефинирање на приоритетите за финансирање со општински средства од Програмата НВО
  4. Ревизија на Методологијата за доделување на проекти на граѓанскиот организации
  5. Мапирање на слободниот простор, сопственост на општината, со цел обезбедување простор за работа на граѓанските организации.
  6. Вклучување на граѓанските активисти во подготовка на општинските документи, како програми, стратегии и акциски планови.
  7. Повремено учество на претставници на граѓанскиот сектор во помошните тела на Советот на општината со своја експертиза.
  8. Истражување на јавното мислење на граѓаните.
  9. Делегирање на надлежности од општината на граѓанските организации и дргу вид на соработка предвидена со закон
  10. Заживување на волонтерството, преку подготовка на План за волонтерство и негово промовирање.
  11. Афирмација на општествената одговорност и солидарност кај фирми и поединци.
  12. Донесување на Стратегија за соработка на Општина Штип со граѓанските организации.