Дрогата лесно достапна во Гевгелија – потребна е акција
Граѓаните алармираа, а Локалниот совет за превенција на Општина Гевгелија, на двапати расправаше и укажа на сериозноста на раширеноста и лесната достапност на дрога и алкохол кај малолетните лица во пограничниот град.
Локалниот совет за превенција иницира зајакната контрола на институциите. Формирана е работната група, која предложи:
- Акција на местата каде е забележана појава да се собираат зависници и дилери на дрога
- Контрола на продажбата на алкохол на малолетници во кафичите и во продавниците
- Едукација, при што изработена е пограма за обуки и работилници за учениците, посебно за прва и втора година за штетноста на дрогата, алкохолот и другите пороци.
- Заеднички патроли од родители, професори, полицајци и социјални работници
Сите овие активности ќе почекаат на нормализирање на состојбите предизвикани за пандемијата, а дел ќе се модифицираат. На потег е Локалниот совет за превенција.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЗГ Медиа плус и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.