Со два стационари Гостивар го решава проблемот со кучиња скитници
Кучињата скитници во групи беа честа слика од улиците на Гостивар. Се проценува дека околу 700 кучиња се по улиците. Граѓаните побараа општината да го реши овој проблем што го чувствуваа како загрозување на личната безбедност и здравје.
Во 2018 година е отворен првиот стационар во некогашната касарна во Долна Бањица, со капацитет од 20 кучиња. Ветеринарната станица амбуланта „Дог енд кет“ од Тетово ги вакцинира, стерилизира и чипира кучињата скитници, кои потоа можат да бидат и вдомени од страна на граѓаните.
Вториот стационар е отворен во ноември 2019 година. Во двата стационари е инвестирано 40.000 евра. Општината користи специјално возило за транспорт на заловените кучиња, добиено преку проект на Полошкиот плански регион.
За две години се третирани над 560 бездомни кучиња. Општина Гостивар стана првата општина во Полошкиот регион со изградба на современ стационар за кучиња скитници, со што почнува да се решава проблемот со глутниците кучиња на градските улици.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЗГ Медиа плус и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.