Граѓаните побараа, Општината Карпош почна со решавањето на дивите депонии
На непријатна миризба и загадување на амбиентален воздух од горењето на отпад и повеќе диви депонии, се полжалија граѓаните на Карпош. Општината во текот на 2020 исчисти пет повеќедецениски депопнии.
Општинските служби мапираа 13 локации на територија на Општината каде што има создадено отпад на јавни површини. Интензивирани се инспекциските контроли. Десет добија овластување за комунални редари, со цел да се санкционираат загадувачите на терен.
Во текот на 2021 година Општината Карпош предвиде 650.000 денари од општинскиот буџет за чистење на депонии. Одредени се две локации, каде граѓаните ќе може да го одлагаат отпадот, како и телефони за пријава.
Активен граѓанин за побезбедна средина.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЗГ Медиа плус и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.