Општина Карпош има активен Локален совет за превенција
Состојбата со ковид – 19, подготовката за почеток на учебната година во изменети услови, како и зачетената појава на уништивање на урбаната опрема, се дел од темите за расправа пред Локалниот совет за превенција од скопската општина Карпош. Сепак, пред членовите стојат многу други предзвици, со оглед на тоа дека се работи за урбана и активна општина. Ова беа искажувањата на членовите на Локалниот совет за превенција на работилницата што ЗГ Медиа плус ја организираше во рамките на проектот „Здружени сме побезбедни и поситгурни“, поддржан од програмата Цивика мобилитас.
Членовите се интересираа за начинот на органзиирање на работењето, свикувањето на седниците и зачестеноста, при што од своето долгогодишно искуство во ова тело, тренерот Данче Николовска – Вратеовска рече дека барањата на заедницата ќе ја диктираат и динамиката на работењето. Во Локалниот совет за превенција работат професионалци во својата област, кои добра ја познаваат областа на превенцијата и особено активен Сектор за превенција во рамките на СВР Скопје. Сепак, има уште многу прашања и граѓански приоритети за решавање.
Медиа плус спроведе анкетни активности и средби со фокус групи, врс основа на што беа селектирани детектираните проблеми и приоритети на граѓаните на Општина Карпош:
- Брзото возење особено во ноќните часови по главните улици, трки на автомобили по главните улици (пр. Партизанска, кај бензинската станица во населба Козле);
- Не се почитуваат сообраќајните знаци, а некаде има и недостаток од нив;
- На улица „Партизанска“ се поставија столпчиња за да се движат пешаците безбедно, но сега пак се жалат граѓаните, со тоа третата лента стана своевидно паркиралиште, откако возилата не можат како порано да се поткачуваат на тротоар. На третата лента застануваат такси возила, амбулантните возила и на полиција, а на двете ленти се создава метеж, откако возилата не можат да се разминат;
- Несоодветно паркирање насекаде, (пр.од Центар паркираат во Карпош за да не плаќаат, бидејќи Карпош 4 има паркинг ама не им се наплаќа; Ул.„Женевска“ кај училиштето не можат децата да си ги земат; Козле- поради секојдневните посети на граѓаните во Германска амбасада е голема гужва, поради што станарите не можат да си влезат дома; и по споредни тесни улици паркирање кола место во двор на улица; на места од куќите за домување се прават згради, за кои нема предвидено доволно паркинг простор);
- Собирање на млади на детски и спортски игралишта навечер, кршење инвентар, алокохол, дрога (Примери игралиште Сокол во зима, во населба Жданец паркче Бродче доаѓаат деца од други населби, при што ја вандализираат опремата итн);
- Кражби по домови;
- Реакција од нас.Злокуќани на гласна музика и бучава;
- Кучињата скитници;
- Граѓаните се незадоволни од реакцијата на Паркови и зеленило, понекогаш се чека со месеци;
- Хидрантите се празни;
- Во Порта Влае е преголем бројот кладилници и коцкарници;
- Долот меѓу населба Жданец и Трнодол го исчистиле службите, но за кратко повторно почнува се фрла кабаст отпад и се создава нова депонија;
- Граѓаните бараат присуство на позорникари, да се зголеми соработката со полицијата, неселективно казнување, поголема едукација, да се креваат со возилото Пајак непрописно паркираните возила за да се влијае на населението, а потребни се патеки за пешаци).
Работилницата со Локалниот совет за превенција е обид за динамизирање на работата на ова тело, кое ги поврзува граѓаните со локалните институции. Понатаму останува на општината,но пред се на членовите на Советот, кои покажаа интерес за искажаните граѓански приоритети.
Работилницата со Општината Карпош е шестата од вкупно осумте планирани во сите општини со кои ЗГ Медиа плус соработува во спроведувањето на проектните активности. Претстојат уште раобтилниците во општните Крива Паланка и Гевгелија, кои поради настанатите промени со ковид -19 и препораките на Владата, ќе се одржат онлајн.