Работилница во Битола: Како до функционален и активен локален совет за превенција и безбедност
Преку анкетирање на 47 граѓани на Битола поделени во две фокус групи, беа утврдени приоритетните проблеми на граѓаните со цел да се даде насока за делување на локалниот совет за превенција и безбедност. Ова е дел од проектот на Здружението на граѓани Медиа плус со поддршка од „Civica Mobilitas“ и со вклученост на Општина Битола и локалниот совет за превенција и безбедност, а во рамките на кој се одржа работилница во Битола со цел поголемо активирање и функционалност на локалниот совет за превенција.
-Еден од клучните проблеми на граѓаните беа кражбите и бараа решение за тој. Проблем. Следен проблем е сообраќајниот метеж и хаос и невозможноста која влијае врз безбедноста на граѓаните, во итни ситуации противпожарно возило или на Брза помош не може да помине низ улиците. Исто така други проблеми беше и граѓаните се чувствуваат несигурни во случај на непогоди, сметаат дека не се подготвени за брза реакција, вели Драгана Митровиќ, проектен соработник.
Според, доц. д-р Данче Николовска Вратеовска, долгогодишен волонтер во областа на превенцијата, целта на советот е да ги детектира локалните потреби, предизвици и проблеми и за истите да испорачува решенија преточени во акциски планови. Она што е битно е што овој совет во себе ги обединува институционалните и вонинституционалните ресурси и на тој начин ги зголемува шансите за локална демократија. Таа постенцира и дека нема ограничувачка рамка што се може да биде предмет на локалниот совет. За тоа како функционираат локалните совети во државата, Николовска Вратеовска вели:
-Генерално имаме формално конституирани совети на превенција, секоја чест на исклучоците, генералниот впеччаток е дека луѓето малку се запознаени, телото не профункционирано, ваквите работилници се во насока на јакнење на членовите на локалните совети, истакна таа.
Локалниот совет пак во Битола е формиран во јуни 2019 година.
– Имаат одржано неколку седници, имаше пауза заради ситуацијата со короната, едно време најголемиот дел од учесниците учествуваа во општинскиот кризен штаб, рече Валентин Груевски, претседател на Совет на Општина Битола.
Работилницата во Битола е дел од проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“ на Здружението на граѓани Медиа плус кој се спроведува во осум општини.