„Кажи за другите да знаат“ во унапредување на комуникацијата општината со граѓаните
Начинот на комуницирање на граѓаните со локалната власт и институции во Штип и обратно, е мотивот за покренување на редица активности на тимот на Медиа плус, кој ќе настојува да се надмине тој едностран канал, каде граѓаните главно се тие кои слушаат и применуваат.
Во време на дигитализација, кога многу локални институции и авторитети по светот постојано настојуваат да ја унапредат својата комуникација со своите корисници, т.е. граѓаните, ограниченоста на само неколку алатки што ги применуваат општините треба да се надмине.
Поради тоа, започнуваме со двострано делување во надминување на овие ноедостатоци, чие решавање може да го унареди квалитетот на животот на заедницата.
Првиот аспект е анагажирање на ресурси и експертиза во утврдување на начините на техничко унапредување на комуникацијата на локалната власт со граѓаните. За таа цел планираме подготвка на анализа со препораки, базирана на преглед на актуелниот сајт на општината, интервјуа за потребите на граѓаните со луѓео од заедницата и ГО, како и анализа на позитивна пракса и начините на комуникација кај дел од македонските општини. Потоа наодите ќе бидат презентирани на јавниот настан „Лице в лице“ со претставници на општината, граѓани и граѓански организации. Нивните забелешки ќе бидат вградени во документ со препораки и предадени на општината за натамошно унапредување на комуникациската стратегија. На јавниот настан посебен дел ќе има можноста за вклучување на граѓанските активисти и нивната ескпертиза во работењето на помошните тела на Советот и учеството да стане пракса, вклучувајќи ја и помошта при изработката на одредени задолжителни извештаи што ги разгледуваа членовите на Советот, како што се состојбата со болест на зависности, здравствено – епидемиолошката состојба, аерозагадувањето и сл. Видливоста ќе биде обезбедена преку изработката на два новинарски прилози и два инфографици со најважните наоди.
Целта е на крајот од овие активности е подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските организации со локалната власт во Штип, како основа за предлагање и поголемо учество во донесување на одлуките од важност на сите. Да се утврдат слабостите во комуникација на релација локална власт – граѓани/граѓански организации, да се отворат на нови комуникациски канали меѓу локалната власт и граѓаните/граѓанските организации и да се унапреди платформата за комуникација меѓу локалната власт и граѓаните.
Проектот „Кажи за другите да знаат“ е делумно поддржан од Дондацијата Отворено општество Македонија и се спроведува во периодот мај-декември 2020 година.