Заштитни визири и за новороденчиња

Заштитни визири и за новороденчиња

Во болницата„ Etik Zubeyde“ за женски заболувања на турскиот универзитет за здравствени науки (SBU) во Анкара, произведоа и користат специјални заштитни визири за новороденчиња.

Директорката на болницата  Yaprak Ustun изјави дека визирот за бебиња е дизајниран да ги заштити новороденчињата среде борбата против ширењето на коронавирусот, кој најчесто се пренесува преку капки и контакт.

„Ние сакаме да ги заштитиме нашите бебиња кои сè уште не го развиле целосно својот имунолошки систем. Овој визир овозможува изолација и го елиминира ризикот бебето да биде заразено со капки “, рече Устун.

Истакнувајќи дека заразените лица со коронавирус честопати немаат никакви симптоми и дека тоа е голема закана за ширење на вирусот, Устун рече дека новороденчињата со овој визир имаат побезбеден почеток на животот.

„Исклучително е важно да ги миете рацете пред каков било контакт меѓу мајка и бебе. Мајките треба да ги мијат рацете најмалку 20 секунди пред секој контакт“, рече Устун.

Нагласувајќи дека болницата „Етик Зубејде“ не е специјализирана за третман на лица заразени со коронавирус, Устун рече дека се преземаат сите неопходни мерки во установата за заштита на персоналот и пациентите.

„Заштитната опрема ја користат сите пациенти, а имаме и специјални одделенија за родилките  кои имаат симптоми слични на оние поврзани со КОВИД-19“, рече Устун.

Емина Деде Каулак роди неодамна здраво бебе и  изјави дека е исклучително задоволна од третманот во болницата и се чувствува заштитено.
„Имаме посебни внатрешни врски со бебето и не ни пречи што ни го ставаат на лицето. Задоволни сме што се преземаат вакви мерки за да ги заштитиме нашите бебиња и себеси “, рече Кајлак.

Извор: Радио Сараево