Хуманитарна работа за потребите на ранливите категории, граѓанските асоцијации во Србија се пренасочија кон помош за справување со пандемијата
Пандемија и мерките преземени од страна на Владата на Србија за борба против вирусот корона, го сменија функционирањето на граѓанските организации со цел зголемување на ефективноста на веќе спроведените активности и подобро опфаќање на најранливите граѓани.
Здружението Граѓански иницијативи испратија прашалник до организациите за нивните активности, потребите на групите со кои тие работат, но и услугите што ќе им ги дадат на граѓаните во наредниот период. Прашалникот ќе продолжи да биде активен а изработена е и интерактивна карта за да се помогне во координирање на организациите и спојување на потребите и услугите.
Резултатите од истражувањето на 92 ГО преку пополнување на прашалник преку Интернет покажуваат дека само три организации престанале целосно да ја работат својата работа, додека мнозинство (скоро третина) се ангажирани во хуманитарна работа. Вкупно 15 организации ги извршуваат своите редовни активности.
Главните наоди покажуваат дека за да се заштитат најранливите групи, потребно е да се обезбеди :
- Дезинфекциски средства, храна, заштитна опрема;
- Следење на степенот на заштита на човековите права;
- Точни и објективни информации до граѓаните.
Следно, се области каде организациите можат да обезбедат помош:
- Помош за најранливите;
- Истражување и информации;
- Правна помош.
Конечно, најранливите групи на кои организациите можат да им помогнат се:
Лица со инвалидитет, Роми, жени, деца, старци, бездомници, мигранти …
Можете да ги видите сите податоци за истражувањето, како и приказните на одделни организации кои работат во пандемискиот период на веб-страницата на Граѓански иницијативи.
Кратко за организиците и што работат, повеќе има на линкот.
Асоцијацијата „Дуга“ од Шабац работи со ранлива популација, како лица од ромската заедница, ЛГБТ, сексуални работнички итн. После изработката на индивидуални безбедносни планови со цел превенција од Ковид 19, „Дуга“ ќе врши достава на храна и останати потребни работи за лицата во самоизолација, пружање на психолошка помош, достава на заштитна опрема итн.
Активни ќе бидат и здруженијата на Ромите. Здружението „Нови Бечеј“ има редовни дежурства со помал број на волонтери на СОС телефонот. Здружението „Рома Херц“ работи на пружање помош на сиромашни стари лица од ромска националност и обезбедување основни животни намирници, како и на информирање на ромската заедница за почитување на мерките во вонредната состојба.
Здружението „Лице улице“, планира секојдневна психосоцијална поддршка за корисниците- за продавачите и продавачките. Освен тоа ќе се занимаваат и со секојдневна едукација за засилените хигиенски мерки, собирање и распределба на хигиенски пакети и пакети со конзервирана храна. Организацијата работи и на обезбедување посебен фонд наменет за најзагрозените.
Националната организација за ретки болести НОРБС ја застапува загрозената група на лица со ретки болести, како и нивните семејства. Како и досега така и во наредниот период НОРБС линијата ќе им пружа информации на овие лица по телефон и по меил. НОРБС во периодов ќе биде посветена и на прашањето на можните последици на лицата болни од ретки болести во периодот на вонредна состојба и примената на заштитните мерки.
Здружението „Зора“ од Крупањ кое дава услуга на дневен престој за деца, млади и возрасни со пречки во развој, своите активности ќе ги насочи кон одржување телефонски контакт со корисниците кои живеат во околните села, а со оние кои се на потесната територија на Крупањ, ќе остваруваат контакти со максимално почитување на мерките на превенција.
Правниот тим на ЈУКОМ ќе пружа правна помош на граѓаните на кои им е потребна поддршка за евентуално загрозување на човечките права за време на вонредната состојба.
Фондацијата на Ана и Владе Дивац, активностите ги усмерува на хуманитарна помош, пред се на храна и хигиена, и ургентни грантови за поддршка на малите локални иницијативи, како и активности за застапување. Една од иницијативите е за ургентно укинување на ПДВ за донациите на храна и хигиена.
Активностите на ТОЦ (Тимочки младински центар) од Зајачар ќе бидат усмерени кон помош на Црвениот крст на Зајачар, во организација на волонтери и дистрибуција на потребни работи на граѓаните над 65 години. Исто така ќе информираат за начините за заштита, превенција како и почитувањето на човечките права и заштитата на лични податоци.
Фото: nezavisne.com/sretenovitch.com/konkursiregiona.net