Важните локални теми ги донесуваме на централно ниво

Важните локални теми ги донесуваме на централно ниво

„И локалната информираност е тест за ЕУ“ е насловот на проектот, што ЗГ „Медиа плус“ го спроведува со цел зголемување на информираноста на граѓаните на локално ниво за реформските процеси за пристапувањето на државата во ЕУ, преку зајакнување на капацитетите на локалните новинари.

Сметаме дека локалните теми, важни за граѓаните низ Македонија, треба да добијат место во поваќните вести на денот. Најчесто ги нема, или се некаде во последните минути од вестите или на дното на страните на електронските медиуми.

Затоа, „Медиа плус“ почна со активности, кои се однесуваат на едно од фундаменталните човекови права, европска вредност – слободата на изразување. Активностите се однесуваат на локалното информирање, односно најновите трендови кои во основа ја имаат финансиската зависност на новинарите и редакциите од локалните институции, како општините и јавните претпртијатија, што пак директно се рефлектира на содржините кои се пласираат во медиумите со доминација на теми од работата на градоначалниците и нивната администрација. Во ваквиот начин на информирање, отсуствува контролниот механизам на медиумите, кои наместо тоа служат како алатка за пренос на ПР текстови и други материјали.

Во ваква констелација, се запоставува или целосно отсуствуваат содржини кои ги засегаат граѓаните. Од друга страна, на локалната власт и е овозможена комоција во работењето во отсуство на притисок од јавноста за поголема транспаретност и отчетност.

Ги повикавме локалните новинари да предлагаат теми, од кои произлегоа шест новинарски стории на овие теми, кои во себе, покрај состојбата на локално ниво. Овие стории ја имаат за цел генералната публика, која ја имаат националното радио Канал 77, како партнер во проектот и публиката на социјалните мрежи.

Овие новинарски стории излегуваат пред јавноста на почетокот на месец Мај.

Состојбата пак, со локалното информирање и зависноста од локалната власт ќе биде анализирана во анализа, која ќе содржи интервјуа, ставови, податоци и факти, кои ќе се соберат во текот на истражувањето. Дел од анализата е насочена кон содржините што ги продуцираат дел од регионалните и локалните медиуми. Оваа сумирана анализа ја покажува тезата дека финансиската зависност ги одалечува новинарите и редакциите од теми суштински за граѓаните, анализа на реформските процеси и неопходноста од засилени промени во општеството кон европските вредности.

Овие наши напори со предвидените активности, се со намера да водат кон насочување на јавниот интерес кон теми кои ќе предизвикаат притисок за покажување резултати од тој реформски процес, чиј прогрес секоја година се нотира од Европската Комисија, додека пошироката јавност се запознава во зависност од индивидуалниот интерес.

Останете со „Медиа плус“ и во периодот што следи со наодите од нашето истражување.

Овој текст е дел од проектот ,,И локалната информираност е тест за ЕУ“ што го спроведува „Медиа Плус“ ,финансиран од Фондацијата Отворено општество-Македонија„

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество-Македонија.