Донациите и спонзорствата во фокус на проектот „Подарок под рака“
Здружението на граѓани „Медиа плус“ работи на проектот „Подарок под рака“, чија цел е преку истражување на практиките на донирање, спонзорирање и соработка на компаниите со општините, сакаме јавно да укажеме на можни коруптивни делувања, со што делуваме во сузбивањето на корупцијата преку зголемување на свеста кај граѓаните. При тоа, истражувачкото новинарство е една од алатките за постигнување на целта.
Во мотивот на оваа активност стои една своевидна сива сфера на делување на општините во спрега со бизнисот. Актуелната локална власт преку бришењето на дел од долговите со средства од централата власт, доби можност за нов почеток, со буџети кои овозможуваат реализација на граѓанските потреби и исполнувањето на програмите донесени од Советот на општината. Меѓутоа, и покрај дадената можност, дел од општините тешко успеваат да се извлечат од мрежата на испреплетени бизнис и партиски интереси, сред нетранспарентни и нецелосно дефинирани процедури и правила на работење, со често заобиколување на правилата и законите. Ова особено е изразено за односите меѓу општината и правни лица, кои се јавуваат во улога на спонзори и донатори, од една страна и од друга инвестори и учесници на јавните набавки на општината. Некаде од позадина, пред очите на јавноста преку поврзување на спонзори, донатори и други соработници на општината со трошењето на парите од општинскиот буџет.
Од друга страна, граѓаните, најчесто немаат увид како се потрошени нивните пари. Трошењето на граѓанските пари преку Буџетот на Општината, најчесто е нејасно за граѓаните, нема доволно информации, а и тие што се изнесуваат на јавноста е на јазик, непознат за обичниот граѓанин. Поради тоа, трошењето на парите од општинските буџети, најчесто е нетранспарентен и не подлежи на граѓанска контрола. Предлагаме повеќе активности на истражување, анализа, селекција и обработка на податоци, поедноставување на добиените сознанија и споделување со јавноста, со цел приказ на состојбите со работењето на локалната власт, кои укажавуваат и/или водат кон корупивно однесување. Преку презентирање на јасни, поедноставени и аналитички податоци, кои даваат преглед на врските, релациите и бројките граѓаните добиваат јасна претстава за работењето на локалните власти, а од друга страна медиумите и новинарите добиваат селектирани податоци, како основа за свои истражувања на тема корупција.
Подигање на свеста на граѓаните преку јавното посочување на примерите на коруптивно однесување.
„Медиа плус“ работи на истражување и анализа на ваквите практики кај 11 општини и потоа врз основа на добоиените податоци и сознанија селектира три општини. Од податоците, интервјуата на терен, информациите и сознанијата, се подготвуваат и три новинарски стории , што ќе бидат јавно објавени. Создавање на дата база што ќе произезе од истражувањето, е во функција на сите идни истражувачки приказни и истражувачки новинари.
Проектот е поддржан од Европската унија, како регрантирање на проектот „Заедно во борба против корупција” на организациите Скуп, Институт за човекови права и Медиум.