Црна Гора- граѓаните донираат за најранливите
Вработените во „Генекс“ и „Бемакс“, фирми во Подгорица, издвоија од нивната месечна плата сума со која што успеале да формираат 2073 пакети со храна, која ќе биде доставена преку Црвениот крст на оние на кои им е најпотребна.
„Мотивите за нашата донација се јасни и сакавме независно од нашата компанија, како индивидуи, како поединци да направиме нешто конкретно во борбата со оваа опасна болест. Непредвидливо е колку долго може да трае оваа борба, но сметаме дека нема простор за пресметки и себичност, но дека мора да истраеме силно во оваа борба. Се надеваме дека, освен што ќе помогнеме од личните приходи, ќе им бидеме и пример на другите да го направат истото“ -во име на запослените е соопштено од компанијата„Генекс“.
Вработените во Бемакс се согласија дека е многу важно што нивната компанија е веќе инволвирана во разни донации во борбата против коронавирусите, вклучително и купување респиратори на KBC, но истакнаа дека чувствуваат потреба и да направат личен придонес. . Менаџментите на компаниите „Генекс“ и „Бемакс“ претходно извршија корпоративна уплата од по 20 000 евра на Националното координативно тело за заразни болести за набавка на респиратори.
Извор: RTCG