„Кров над глава“ им помага на најсиромашните

Photo on Foter.com

Здружената акција „Кров над глава“  од Србија, е позната по борбата за правото на дом и по тоа што организира одбрана на куќи и станови на луѓе на кои им прети исфрлување  од страна на извршители, но исто така пружа помош и на оние кои останале без дом и се наоѓаат во тешка материјална ситуација.

Кога беше прогласена вонредната состојба во Србија, „Кров над глава“ испрати барање до Комората на извршители и Владата на Србија да забранат извршувања за времетраењето на пандемијата со коронавирусот. Неколку дена после тоа Комората издала препорака до извршителите да не извршуваат во овој период.

Активистите на оваа акција, активно придонесуваат и во оваа вонредна состојба. Покренаа кампања „ Никој гладен, никој жеден, никој без дом“ при што ги повикаа граѓаните да донираат средства од кои ќе купуваат храна, лекови и останати намирници за најзагрозените. Само во еден ден доставиле храна и хигиенски прозиводи на 50 луѓе на територијата на Белград. Во акцијата се вклучуват граѓани но имаат соработка и со популарната емисија „Марка Жвака“ , која донираните средства ги проследува на „Кров над глава“.

Активистката Ивана Анџелкович објаснува дека бездомниците се моментално најзагрозената категорија, поради тоа што немаат дом и следствено не се во состојба да одржуваат лична хигиена, мијат раце. Дополнително се загрозени поради фактот што потешко доаѓаат до храна бидејќи сега се затворени рестораните, па е потешко да се дојде и до храна која завршува во контејнерите. Освен нив загрозени се и луѓето кои во нормални услови  работеле за дневници, со продавање на пазар или собирање на суровини. Многу од тие фамилии немаат никави приходи и се гладни. Позитивно е тоа што средствата ги донираат граѓани, како од државата така и од дијаспората, луѓето се солидаризираат.

Пакетите што ги подготвуваат активистите ги задоволуваат најосновните потреби на семејствата. Вклучуваат намирници како брашно, компир, зејтин, јајца,овошје и зеленчук и конзервирана храна, потоа хигиенски средства како сапуни, шампони, детергенти и сл. За бездомниците пак освен конзервирана храна и средства за дезинфекција, се обезбедува и топол оброк од страна на група луѓе кои готват за нив и го делат оброкот во подземниот пролаз во Нушичева улица.

„Кров над глава“ соработува и со други организации кои водат грижа за бездомниците и други ранливи категории и на тој начин доагаат до луѓето на кои им е потребна помош. Брзината на акцијата зависи од брзината со која се собираат средста, а граѓани на кои им е потребна помош има премногу.

Секој од активистите сам си набавува заштитни маски и ракавици и така одат во набавка и испорака. Многу од луѓето на кои им доставуваат се жалат дека не само што неможат да набават заштитни маски и ракавици, туку немаат ни топла вода ни пари за сапун шампон и сл.

Граѓани на граѓаните помагаат можеби и повеќе од што тоа го прави државата. Донации даваат и луѓе кои се сиромашни, уплаќаат по 200-300 динара што за нив е издаток. Сето ова е една голема лекција за луѓето, мораме да си помагаме едни на друѓи.