Преку проектот ,,Реагирај на вистинското место“ Г.З ,,Медиа Плус“ мост за граѓанско учество во локалните политики

Преку проектот ,,Реагирај на вистинското место“ Г.З ,,Медиа Плус“ мост за граѓанско учество во локалните политики

Во рамките на проектот „Реагирај на вистинското место“, што го реализира ГЗ „Медиа Плус“, беше организиран јавен настан, на кој во присуство на граѓани, НВО и претставници на Урбаните заедници беше одржана Презентација за учеството на граѓаните во креирањето на локалните политики во Штип.
На овој Јавен настан на кој што присуствуваше и штипскиот градоначалник Благој Бочварски, му беа предадени барањата од граѓаните, кои што беа сумирани од он лајн анкетата и одржаните фокус групи, спроведени во рамките на проектот на ,,Медиа Плус“.

Целосно е завршен водоводот до населбата ,,Балканска“, започната е изградба на канализација во населбата „Долна Железничка“, улицата ,,Љубен Иванов“ која што води кон штипската Клиничка болница е во завршна фаза, бетониран крак на улицата Косовска, изградени 13.000 метри квадратни пешачки површини, се дел од покрупните реализираните барања на граѓаните.

Граѓанското здружение „Медиа Плус“, го следеше реализирањето на доставените до градоначалникот барања при што беше констатирано и дека дел од барањата на граѓаните беа и дел од програмите на штипските јавни претпријатија.


– Од Јавното претпријатие „Исар“ информираат дека се преземаат мерки за обезбедување на канти за селектирање на отпад за рециклирање, за што веќе е и склучен договор со фирма, на повеќе места се поставени пунктови за одлагање на електронски отпад, а организирани се и неколку еколошки акции.
– Преземени се активности за поголема безбедност на пешаците со поставување на столбчиња за забрана за паркирање на автомобилите со што пешачките патеки и тротоари се побезбедни за движење на пешаците а од општината информираат дека, започната постапка за решавање на проблемот со старите куќи во штипско Ново Село, донација од доктор Жан Митрев.
– Тековно се работи на промена на азбесните цевки низ целиот град, што беше и едно од барањата на граѓаните посебно во централното градско подрачје. Досега има изградено над седум километри водоводни линии.
– Граѓаните бараа и дислокации на фарма лоцирана во урбан дел во населбата Караорман, реконструкција на стари и изградба на нови детски игралишта, изградба на нова пристапна патека до училиштето Тошо Арсов. Од општината информираат дека активностите продолжуваат и дека секаде каде што е можна интервенција, ќе го слушат гласот на граѓаните.  -Набавено е и пајак возило за одстранување на непрописно паркираните возила. Набавено е пајак возило
– Иако нема некој квалитет, седниците на советот во живо се пренесуваат на ФБ-страната на општината.

За потсетување, ова беа барањата кои беа доставени до градоначалникот, а ова е официјалниот одговор од општина Штип што тие имаат реализирано од барањата на граѓаните.

Со проектот ,,Реагирај на вистинското место“, ГЗ Медиа Плус, уште еднаш докажа дека е мост за поврзување и поттикнување на граѓаните за поголем граѓански активизам во локалните политики, зошто ова е уште еден начин не само да се слушне гласот на граѓанинот, туку неговите барања и потреби и да се реализираат.
Проектот „Реагирај на вистинското место“, здружението Медиа Плус, го спроведе во соработка со радио Канал 77 и со финансиска поддршка од Фондација отворено општество – Македонија.