„Реагирај на вистинското место“
ЗГ ,,Медиа Плус“ од Штип го спроведува проектот ,,Реагирај на вистинско место. “
Станува збор за проект во чии што фокус е граѓанинот и неговото активно вклучување во креирањето на локалните политики, конкретно штипската локална самоуправа во областите урбанизам и екологија.
Крајната цел на проектот кој што ќе се реализира во период од шест месеци е зголемување на ангажманот на граѓаните во адресирањето на на нивните потреби и потребите на заедницата до локалните институции и локалната власт со цел нивно ангажирање во решавањето.
Ќе се врши мониторирање на трошењето на јавните пари и локалните политики во областа на животна средина и урбанистичко планирање.
Во текот на реализацијата на проектот ќе се вршат истражување, снимања и продукција на новинарски истражувачки стории.
За да ги реализираме овие наши активности потребни ни беа сознанијата ,колку граѓаните се запознати со своите права и потребата од нивно ангажирање во решавањето на локалните проблеми. Колку тие се информирани за работата на локалните институции, како да се вклучат во креирањето на нивните политики, и во случај на проблеми да реагираат како поединци или заедница.
Во изминатиот период беа спроведени Фокус групи од 21 граѓани а во тек е и онлајн анкета.
Со вклучување на граѓаните во реализацијата на проектот „Реагирај на вистинско место“ им се дава можност да ги научат алатките кои што и во иднина ќе можат да ги користат во креирањето на локалните политики. Со нивното посочување на проблемите и нивното адресирање до локалната власт ќе бидат и самите алатка за мониторирањето на работата на општината.
Со проектот ќе се зголемена видливост во работењето на локалната власт и учество на граѓаните во работењето на сектор екологија и урбанизам.
Проектот е финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија-ФООМ