Повик на Делегација на Европска Унија за граѓанските организации
Стратешко партнерство за локален одржлив развој!
Дали сакате да стекнете нови вештини за развој на проекти? Доколку сакате да учествувате во градењето на силно партнерство со локалната администрација во вашата заедница, ве молиме аплицирајте на нашиот отворен повик. Бараме претставници на граѓански организации од сите општини во Република Северна Македонија кои можат да ја споделат својата приказна и да придонесат за развој и спроведување иновативни проекти.
Делегацијата на Европската Унија во Скопје, општинската администрација, деловниот сектор и граѓанските организации ќе работат заедно во партнерство, за идеите да станат реалност.
Придружи се на нашето партнерство за промени! ПОВИК
Заинтересираните треба да испратат професионална биографија и писмо за номинација од граѓанската организација од која што доаѓаат на info@rcgo.mk најдоцна до 26 август 2019, до 17:00 часот.