Референдумот помина, но што научивме?

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМ И ПОДЕЛЕНОСТ ВО СТАВОВИТЕ ЗА СВЕСНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО ПРИ НЕПОСРЕДНОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ, СЕ ДЕЛ ОД ЕФЕКТИТЕ КОИ ГИ ДОНЕСЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ОДРЖАН НА 30 -ТИ СЕПТЕРМВРИ ЗА ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА. ИНСТИТУЦИИТЕ ДА БИДАТ СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ, ДА СЕ НАПРАВИ ИЗМЕНА НА ЦЕНЗУСОТ И ДА СЕ ПОРАБОТИ НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК – ПОРАЧУВААТ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, ИНСТИТУТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА.

Два месеца по завршувањето на референдумското изјаснување, има различни мислења за тоа што треба да направат институциите за поголема вклученост на граѓаните во процесите на избори и одлучување. Предлозите за моделите се различни, но удвоени се мислењата дека треба да се намали цензусот на одлучување. Но, каде е тука улогата на граѓанинот? Универзитетскиот професор Темелко Ристески е на став дека граѓанинот се’ уште не ја сфаќа неговата позиција и улога во ова општество. Ристески вели дека токму за заштита на граѓаните треба да има измени во Законот за референдум, посебно на член 8, кој се однесува на тоа дали ќе има косултативен или одлучувачки референдум.

„Очигледно треба да се менува законот. Тоа се тие две битни работи во поглед на одлуката, одлучувачки референдум како треба да гласи прашањето и на одлучувачки референдум се донесува одлука, а на консултативен референдум не се донесува одлука туку се бара мислење од граѓаните, тука треба да се интервенира во законот што е многу битно. Мислам дека тоа беше и најголема слабост на законот и овој референдум и поради тоа дојде до онаа забуна во однос на прашањето и секако во однос на почитувањето и не почитувањето на одлуката на граѓаните, па бојкотот на граѓаните се сметаше како став, одлука на граѓаните“, вели Ристески.

Според него, референдумот не го бојкотираа сите граѓани.

„Референдумот не го бојкотираа сите граѓани, го бојкотираа за жал еден голем број на граѓани, меѓутоа не и најголем број на граѓани. Власта сакаше, тоа е добро што сакаше за тоа што таа одлучила да има потврда и од граѓаните, меѓутоа тоа треба добро да се проучи и во конкретниот случај со Спогодбата со Република Грција, член 1, став 4 под В, јасно е кажано дека референдумот кај нас не беше задолжителен, она што честопати што во животот го заклучуваме да не се прави за она за што не си обврзан да го правиш. Јас мислам дека таква поука извлече и власта или ќе извлече“, додаде универзитетскиот професор Темелко Ристески.

Не смееш да го поттикуваш граѓанинот и да го спречуваш, да го мотивираш да не излегува на гласање. Граѓанинот треба да се стимулира да излезе, па нека каже и против, да излезеа против, ситуацијата ќе беше јасна и мнозинството да беше против, јасна ќе беше ситуацијата, нема спогодба и готово.

Ристески исто така смета дека граѓаните не се доволно информирани, па токму затоа потребна е подобра пропаганда, но во исто време сакции и стимулација за граѓаните, за време на спроведување на најпосакуваниот облик на демократски изјаснување.

„Потребна е интензивна и конструктивна пропаганда со која на граѓаните ќе им се објаснуваат придобивките од нивното чество во демократските процеси. Ние имавме пропаганда, ние имавме многу интензивна пропаганда, но таа не беше насочена кон тоа на граѓаните да им се објаснат придобивките од референдумот, членството во ЕУ, а за членство референдумот беше врата. Треба да се санкционира, повикувањето и поттикнувањето на бојкот на гласањето како кривично дело. Не смееш да го поттикуваш граѓанинот и да го спречуваш, да го мотивираш да не излегува на гласање. Граѓанинот треба да се стимулира да излезе, па нека каже и против, да излезеа против, ситуацијата ќе беше јасна и мнозинството да беше против, јасна ќе беше ситуацијата, нема спогодба и готово“, потецираше Ристески.

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ОДРЕДЕНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Од канцеларијата на Народниот Правобранител пак со спротивно мислење, дека граѓаните и тоа како се свесни за нивната одлучувачка моќ во општетсвото, но магичниот лавиринт на институциите кои постојано си ја префрлаат топката за одговорноста на одредени нерегуларности при спроведување на непосредното изјаснување на граѓаните постојано се префрла.

„Секако дека се свесни, знаат и дека нивниот глас дека вреди и сега сите сме свесни дека тој одреден процес, значи оние генерални и големи забелешки за нерегуларности, освен и сега да кажеме и на последниот циклус од референдумот се од некоја техничка природа, значи се повторуваат но се многу во помал број и доаѓаме до заклучок дека граѓаните знаат дека нивниот глас вреди и дека нивниот глас одлучува нели и дека може да дојде до остварување на некое право со нивно влијание во донесување одлука ако се поврземе со сегашниов референдум“, вели Билбиловски.

Од циклус до циклус сведоци сме, и тоа најчесто еве и сега ќе кажам конкретно има одредена категорија граѓани кои не по своја вина се бришат од избирачкиот список со претпоставка одредена на Државната Изборна Комисија, МВР, која бројка не е мала, само затоа што од денот на распишување на одредени избори или еве на денот на распишување на референдум до неговата реализација ќе им престанела важноста на личната карта.

Билбиловски потсетува дека институциите треба да покажат дека сакаат вистински да бидат сервис на граѓаните.

„И од тука останува она што се вика државните институции да бидат сервис на граѓаните и тие да го остваруваат, а не ние. Од циклус до циклус сведоци сме, и тоа најчесто еве и сега ќе кажам конкретно има одредена категорија граѓани кои не по своја вина се бришат од избирачкиот список со претпоставка одредена на Државната Изборна Комисија, МВР, која бројка не е мала, само затоа што од денот на распишување на одредени избори или еве на денот на распишување на референдум до неговата реализација ќе им престанела важноста на личната карта. Значи тие лица не се лишени од деловна способност, она што е единствен исклуок кога полнолетно лице нема избирачко право и е државјанин на Република Македонија, истите се вадат од избиракиот список и тогаш се тврди и ДИК повторно дава исти одговори и по преставките по кои ние пристапуваме и едноставно тие лица не дошле на јавниот увид“, потенцира Зоран Билбиловски.

Тој исто така додава дека се врши голема дискриминација со што не се обрнува доволно внимание и на болните и неможни лица, но и посочува дека треба да се работи на услогласувањето помеѓу Законот за референдум и Изборниот законик.

„Тој проблем останува не решен. Еве да речеме тоа е само еден од аспектот на проблемите има многу такви поединечни проблеми или ние каде што одиме во дискриминација најчесто кај болните, немоќните лица, па еве и од аспектот на референдумот да ја коментираам. Проаѓаат години и никој не се сетил да изврши да кажеме усогласеност помеѓу Законот за референдум и Изборниот законик кој што сега не ескалираше меѓутоа се прават исклучоци кои не треба да се прават. Во она што беше краток временски период дојде и Министерството за правда, па ќе се има во предвид при изработката на новиот Изборен законик, од сите други релевантни министерства, се застана на тоа не се направи никаква промена, да не зборуваме за информатичка технологија каде што не е никаков проблем, друго е за злоупотребата, не се работи за злоупотреба за тоа треба да се санкционира, меѓутоа не гледам никаков проблем на тие што ги обновиле личните карти, МВР да кажеме со електронски запис или тие што постанале полнолетни, а извадиле лични карти, конкретно за ова лице ќе може тогаш Народниот правобранител да каже ама твоја е вината не можеш да го докажеш идентитетот, бидејќи не си ја изменил личната карта, си стои во избирачкиот список, оди да гласа, нема документ со кој може да докаже, се враќа и да има и да нема приговори“, потенцира Билбиловски.

Поуката која ја донесе спроведениот референдум, Билбиловски вели дека треба да се направи усогласеност помеѓу законите и да се нотираат празнините во самиот Изборен законик.

„Ако повторно се тргне од референдумот повторно ќе се види ако не се дозволеше со повремени импровизции кои што ги правеше ДИК да кажеме каде во Законот за референдум е предвидена сосема друга постапка за зaштита на избирачкото право, мора да постои усогласност со законите. Второто остануваа сите овие празнини кои што се нотирани во самиот Изборен законик да се отстранат, таму се и болните и немоќни лица, кои што се огромна категорија каде во законот пишува дека ги известува ДИК, меѓутоа во пракса не само што се известува туку тие бараат да поднесат барање, па да дадат медицинска документација, па и таму е опфатот на лица во старечки дом на кои живеалиштето им е таму, што е проблемот да организира ДИК да отиде таму и таму да се гласа“, појаснува Билбиловски од канцеларијата на Народниот Правобранител.

ЧИСТ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК, КОЈ ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ СО ПОПИС ВО НАШАТА ДРЖАВА

Државната Изборна Комисија стојат на ставот дека треба да има чист избирачки список, а тоа би се постигнало доколку се спроведе попис во нашата држава. Генерланиот секретар Добре Јанчев вели дека пред почетокот на рефрендумот сакале да одговорат на нов предизвик кој се однесува на нови статистички податоци на кои граѓаните ќе одговарат на обрасците за гласање, но како што вели тој празнината во законот не им го дозволува тоа.

„Обрасците кои што ги даваат избирачките одбори по завршеното гласање се со повеќе статистички податоци сепак празнината во законот не ни овозможува да имаме целосен увид во прашањата, колку да кажеме колку мажи и жени гласале на референдумот, која старосна граница беше најзастапена на референдумот, каде најмногу се гласало, каде беше најголемата излезеност, мислам можеме да ги имаме и тие податоци во однос на излезеноста каде била поголема, каде била помала во кои средини, какви средини, движењето во текот на денот, тие податоци ги имаме таа анализа сеуште ја немаме направено, тоа оди малку поспоро затоа што се прави во споредба со анализа од претходните години.

Заостанатите статистички податоци посебно за учеството на возрасната категорија сметаат во ДИК, ниту тие, ниту избирачките одбори се спремни тоа да го направат . Јанчев вели дека ова од причина што неуспеале да најдат заеднички јазик со законодавецот да им овозможи законска основа даги изменат обрасците.

Јанчев смета дека во спроведувањето на референдумот неколку елементи не биле исполнети, тоа се однесува на јасната слика колку граѓани се наоѓа на територија на Република Македонија како и недостатокот на попис кој директно ќе влијае на избирачкиот список.

„Во суштина ние имавме неколку елементи кои што во случајов не беа исполнети или делчиња од мозаикот кои влијаат на целата оваа ситуација. Пред се јас мислам дека во Република Македонија немаме јасна слика колку граѓани односно население во даден момент се наоѓа на територија на РМ., тоа би го поврзал со пописот односно од недостатокот од попис исто така би го поврзал и со тенденциите за иселување на граѓаните од Македонија во странство кои за вакви или онакви причини, ако гледаме реално и ако имаме некоја серијална бројка на граѓани во РМ., односно гласачи во РМ., кои што во даден момент се наоѓаат тука излезеноста на тие граѓани е релативно висока ама сепак по однос на избирачкиот список колку гласачи има по гласачкиот список цензусот не беше постигнат“, додава Јанчев.

Како институција која за време на демократско изјаснување работи во интерес на граѓаните тие постојано апелираат за навремено ажурирање на своите податоци во избирачкиот список.

„Во многу прилики како ДИК сме истакнувале односно сме уаптувале апел до граѓаните да го искористат тој период на јавен увид, период кога можат да ги средат, да ги ажурираат своите податоци во избирачкиот список за да не се доведат во ситуација да не се наоѓаат во избирачкиот список, односно да не се доведат во ситуација да не можат да си го остварат своето право на глас. Во секој случај се работи за право, секогаш кога некој треба да оствари одредено право треба да направи одредени чекори односно да си направи самиот ситуација за да може да го оствари тоа право, доколку немате важечки документи не можете да очекувате дека ќе бидете на избирачки список за да можете да гласате“, додава Јанчев.

ПРОМЕНА НА ЦЕНЗУСОТ И ЧИСТЕЊЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Успешноста на референдумот не секогаш се гледа во исполнувањето на цензусот, во случајот кај нас избирачкиот список имаше главана улога, според Маргарита Николовска од Институтот за човекови права е апсолутно не релевантен, бидејќи не покажува точна бројка колку граѓани се во избирачкиот список. Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур е децидна дека во законските промени, треба да се тргне од цензусот.

„Прво и основно во овој процес треба да се промени цензусот. Компаративно гледано тој цензус во Македонија е многу висок, прво што од причини што ние немаме прочистен избирачки список, значи ние немаме точно согледување колку луѓе би можеле реално да гласаат, гласањето надвор е многу проблематично, можеби граѓаните што се надвор сакале да го дадат својот глас но со оглед на одредените пречки не можеле тоа право да го искористат, а не живеат во Македонија, дел од прашањата не се од нивен интерес па немаат ни потреба да гласаат, многу зависи од повеќе елементи, но во секој случај во ваква фруктација на иселување цензусот во нашата држава е превисоко поставен, и мислам дека прво треба тука да се размислува во однос на промена“, вели Николовска.

Не излезеноста на граѓаните може да има три објаснувања. Едното е политички притисок или прифаќање на политичката опција на ВМРО, второто е незаинтересираност и третото е она што е многу често во Македонија, дел од граѓаните сметаат дека не треба да излезат затоа што избрале свои претставници, пратеници кои ќе ги застапуваат нивните интереси во Парламент, објаснува Маргарита Цаца Николовска.

Измената на цензусот бидејќи е многу висок за Македонија и измена на законот се предлозите кои ги даде Николовска за доколку следно се одржува референду што треба да се промени.

 

„Прво и основно во овој процес треба да се промени цензусот. Компаративно гледано тој цензус во Македонија е многу висок, прво што од причини што ние немаме прочистен избирачки список, значи ние немаме точно согледување колку луѓе би можеле реално да гласаат, гласањето надвор е многу проблематично, можеби граѓаните што се надвор сакале да го дадат својот глас но со оглед на одредените пречки не можеле тоа право да го искористат, а не живеат во Македонија, дел од прашањата не се од нивен интерес па немаат ни потреба да гласаат, многу зависи од повеќе елементи, но во секој случај во ваква фруктација на иселување цензусот во нашата држава е превисоко поставен, и мислам дека прво треба тука да се размислува во однос на промена. Законот секако дека треба да се измени и има многу нејаснотии, јас би рекла дека има и некои одредби кои што се во спротивност со уставот, за жал Уставниот суд само во однос на својата надлежност „ексофицио“ ја има донесено одлука за поништување на еден член од законот за референдум и граѓанското изјаснување. Меѓутоа треба да се направи добра ревизија на овој закон, и да се променат оние одредби кои што создаваат забуна, оние одредби кои што не се релевантни и оние одредби кои во дадената ситуација се протолкувале како не потребни“, објаснува Цаца Николовска.

По завршување на референдумот, страните беа поделени како и пред почетокот, едните тврдеа дека имаше успешен референдум, а другите дека било дебакл. Со оглед на излезноста на граѓаните на спроведениот референдум за Договорот помеѓу Македонија и Грција, односно една третина од регистрираните гласачи, власта сепак прогласи успешност на референдумот, иако не беше исполнет цензусот. Опозицијата непосредно пред референдумот излезе со став дека на секој по сопствено убедување да донесе одлука, за да на крајот по завршување на истиот да започнат повторно меѓупартиските препукувања за според нив не успешен референдум. По завршување на референдумот, од избирачките списоци и кутии, дејството се префрли во законодавниот дома, каде следната фаза се уставните измени.