Моја Општина 2010
Наслов на проектот:
“Моја општина”
Носител на проектот:
Здружение на граѓани Медиа плус
Период на реализација :
19 април – 18 октомври 2010
Координатор на проектот:
Слободанка Блажевска
телефон: 032 397 707
e-mail: info@mediaplus.org.mk
Вкупен буџет: 396.730 ден.
Општа цел на проектот:
- Подобрување на квалитетот на локалната самоуправа и односот кон граѓаните како крајни корисници на услугите
- Зголемување на транспарентност , отчетност и добро владеење
- Мегусебно информирање на градоначалиците , советите и раководните кадри во општините.
Резултати
110 пополнети прашалници со отворени коментари на граѓаните
10 емисии на Канал 77 кои содржат сеопфатен материјал за проблемот што се третира
10 билтени во форма на текст и аудио со детектиран проблем
Телефонски јавувања и аудио материјал од анкети
Транскрипти и посетители на веб
База на податоци
Долгорочни резултати (исходи) на проектот:
- -Потранспарентна општина, отворена за граѓанските потреби
- -Воспоставување на подобра релација Општина-медиум
- -Зголемена свест кај јавната администрација и кај органите на локалната власт дека треба да го применуваат принципот на добро владеење бидејки се под постојана лупа на јавноста.
- -Охрабрени граѓани , свесни дека всушност заради нив постои општината и тие се директни избирачи од кои зависи власта во една општина.
- -Подобрени услуги што ќе ги добиваат граганите од локалната администрација
- -Зголемен Број на примени грагани од страна на градоначалниците и локалната администрација.
- -Зголемен број на иницијативи од страна на граѓаните
- -На секои три месеци ќе се земаат податоци од истражување на слушаноста на Радио Канал 77 и Посетите на веб страната на Медиа плус и Канал 77
- -Зголемена информираност за граганските потреби и проблеми преку информативниот билтен испратен до градоначалници , членови на совети, секретари на општини и до министерството за локална самоупраа и други Министерства.
Емисија Моја Општина – Куманово
Емисија Моја Општина – Струмица
При секој дожд и невреме, една четвртина од Струмица е под вода. Градот има проблем со поплавите заради незавршениот одводен канал кој треба да ги собира атмосферските води. Ова е темата на денешното издание на проектот “Моја општина“.
Емисија Моја Општина – Велес
Секој трет велешанец е без работа, вели неофицијалната статистика. Официјално, бројката на невработени во градот се движи околу 13.000. Невработените гледаат спас во привлекувањето на странски инвеститори и зголемувањето на бројот на работни места. Со ваква идеја, локалната самоуправа го стартуваше и проектот за економската зона Речани 2. Но, реализацијата заглави во правните лавиринти и нерасчистените имотно – правни односи.
Емисија Моја Општина – Струга
Во екот на туристичката сезона, плажите во Струга не се добро уредени. Стружани ја губат битката за привлекување на туристи со соседниот Охрид. Езерото е исто, убавините ги има, но во пресметките меѓу локалната и централната власт за тоа во чија надлежност се плажите, туристичкиот развој на градот паѓа во заден план. Неколку милиони евра загуби градот во изминатите години заради недоволна промоција и инвестирање во туризмот. Состојбата мора да се менува, едногласни се и туристите, но и жителите на Струга.
Емисија Моја Општина – Штип
Изненадени граѓани на Штип. Преку ноќ површината и вредноста на нивниот имот се зголеми во решенијата за данок. Општината одново вршеше проценка на имотот, но тоа само доведе до забуна кај граѓаните. Ова е темата во денешното издание на проектот Моја општина.
Емисија Моја Општина – Охрид
Од година во година, Охрид го губи стариот изглед. Старите жители велат дека не можат да го препознаат градот. За да се добијат квадратни метри, се запоставува препознатливиот архитектонски израз. Ни го оградија езерото, се жалат жителите на Охрид. Тие реагираа затоа што актуелните урбанистички планови за Охрид ги изработува фирма од Гостивар, која воопшто не ја познава душата на градот. За овој проблем, слушајте во новото издание на “Моја општина“.
Емисија Моја Општина – Гостивар
Околу 70000 жители на Гостивар речиси шест месеци беа без квалитетна вода за пиење.Водата во гостиварскиот водовод често се заматува, цевките се стари и дотраени а потребна е и нова пречистителна станица.
Емисија Моја Општина – Кочани
Голема бучава, гласна музика… На овие проблеми се жалат граѓаните на Кочани. Решение бараат и од локалните власти за кои инсистираат да преземат мерки и да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир. “Дури и во нашите домови немаме мир. И лете и зиме прегласната музика од кафулињата ни пречи“, ни се пожалија кочанчани, според кои на ваквите локали воопшто не треба да им се издава дозвола за работа во станбени комплекси. Проблемот на жителите на Кочани го презентираме во денешното издание на проектот “Моја општина“.
Емисија Моја Општина – Битола
Локалниот економски развој и можноста да се отворат нови работни места се веројатно приоритет за многу граѓани на различни општини во Македонија. Но жителите на Битола излегоа со интересна идеја за која сметаат дека може да го динамизира животот и економијата во општината – тие бараат инвестиции во ревитализација на Зоолошката градина, која долго време е запоставена. Како единствена Зоолошка градина на потегот од Скопје до Солун и Софија, според битолчани, Зоолошката може да помогне и за подобрување на наставата и познавањата на најмладите за животинскиот свет, но и за привлекување на туристи од соседните општини и региони.
Емисија Моја Општина – Тетово
На ветер, дожд, сонце, на екстремно високи или екстремно ниски температури, дивите продавачи седат на тетовските диви тезги, во обид да е изборат за гола егзистенција. Бизнисот им зависи од довербата на луѓето. Дел од сограѓаните купуваат од овие тезги заради пониските цени, а дел велат дека инспекциските служби мора да засукаат ракави и да се справат со трговијата на црно и со тезгите од кои се сопнуваат на секој чекор. Ретки се продавачите што размислуваат за легализација на бизнисот. Велат дека за тоа нема ниту соодветно место во општината.