Извештај за 2017 година

ГОДИШЕН НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2017 ГОДИНА

Информација за организацијата

ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „МЕДИА ПЛУС“ –ШТИП
Основано на 29.12.2006 год.
Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип
Тел/факс : 032/397 707 лок.208
e-mail: info@mediaplus.org.mk
URL: www.mediaplus.org.mk

 

Мисија
Медиа плус е здружение кое истражува, анализира и иницира, со што влијае врз демократијата и медиумската заедница.

Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме  медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните  за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.

МЕДИА ПЛУС  во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.

  1. Програмски активности , задачи и цели

1.Истражување

  • Посредување и организирање на истражување за влијанието на медиумите
  • Анализа на содржините
  • Промовирање на истражувачки резултати преку веб
  • Запознавање на јавноста со новите медиумски содржини
  1. Организирање на јавни настани
  • Дебати, јавни расправи, форуми, дискусии
  • Дебатен клуб
  • Промоции на аудио и видео изданија
  • Промоција на книги и брошури

3.Обуки

  • Организирање на тренинзи и семинари
  • Обука на невладиниот сектор за ПР активности
  • Посредување во организирање на курсеви за апликации,компјутери и јазици

4.Продукција на програма од јавен интерес

    • Радио
    • ТВ
    • Печатени медиуми
    • Интернет изданија

Главната активност на Медиа Плус е работа на проекти, преку кои ги остварува своите цели и одржливост.

Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во неколку работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.

Проект „Мобилизација и активизам во локалните заедници“-Поддржан од ФООМ 2017

Период на реализација Април-Декември 2017

https://www.mediaplus.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=90&Itemid=94

 

Техниките/методите/инструментите кои ги користиме при реализација на целите:

Организирање на форум и јавна расправа

Oбјавување на истражувачки стории / компаративна анализа во медиум

Eлектронска анкета, интервјуа

Директен пренос на радио и видео стриминг на веб.

Партнери во проектот

ТРД Радио Канал 77-медиум, национална радиостаница

Македонски Медиа Сервис, www.mms.mk

Моја Општина web www.mojaopstina.mk

Канал 77 web www.kanal77.mk

 

Активности на Медиа Плус во 2017, надвор од проектните активности

Членови на Медиа Плус учевствуваа на првата средба на над 100 ГО, во Влада на РМ, каде беше објавена најавата за Планот 3-6-9, што опфаќа мерки за реформи од ЕУ во кои се вклучени ГО.

По серијата средби на кои учествувавме, од страна на Медиа Плус беа доставени неколку предлози за измени, вклучувајки измени и на медиската регулатива.

Медиа плус на покана учествуваше на неколку јавни расправи организирани од ресорните министерства и граѓански коалиции кои се однесуваа на реформи во граѓанскиот сектор и реформи во медиумите.

Медиа плус учевствуваше на средбата на ГО и коалиции каде беа промовирани граѓанските предлози за планот 3-6-9.

За успех од досегашните активности го сметаме вклучувањето на дадените граѓански проблеми и приоритети во програмата на учесниците на Локалните избори 2017 за Штип.

Во текот на 2017 тимот на Медиа Плус помина низ повеќе обуки за зајакнување на капацитетот на организацијата и во тек е изработка на нова тригодишна стратегија и програма за период од 2018-2021.

 

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ МЕДИА ПЛУС 2017

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ

Приходи 1.142.581 МКД
Расходи    814.694 МКД

 

Здружение на граѓани Медиа Плус