Повик за истражувачки стории

Здружението на граѓани Медиа Плус во рамките на проектот „И локалната информираност е тест за ЕУ“, поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, објавува повик за изработка на новинарски стории од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ НА ЛОКАЛНО НИВО, ПРИСТАП ДО ПРАВДА, СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ОСТВАРУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.

 

Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области.

Кандидатите можат да бидат вработени новинари, слободни новинари или активисти на граѓански организации. Еден кандидат може да учествува со максимум една предлог сторија.

Изборот го врши Комисија со бодување на апликациите, врз база на барањата наведени во  Пријавата (наведена подолу).

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Рокот за изработка на сториите е еден месец од денот на ИЗВЕСТУВАЊЕ на избраниот кандидат.

Повикот трае до 15ти јануари 2020 година.

Сите пријави по овој термин ќе бидат ОТФРЛЕНИ.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани на е-маил.

Пријавата со предлог темите се испраќаат на е-маил: info@mediaplus.org.mk

 

Пријава со задолжителни информации:

Име и презиме:

  • Работам во:
    • Печатен медиум
    • ТВ
    • Портал
    • Радио
    • Активист
    • Слободен

Веб страница:

Предлог тема:

Краток опис на темата (до 200 карактери)

Предистражување (со кои факти и документи располагаш – објасни ја тезата на твоето истражување):

Оригиналност (Објасни зошто твојата тема е оригинална или има оригинален пристап на проблемот):

Релевантност (За кого и како е релевантна темата?):

Изводливост (Како планирате да ја реализирате сторијата? Кои изворите ќе бидат користени?):

Искуство (Наведете го вашето искуство во изработка на истражувачки стории. Поткрепете го со линкови од Вашите минати трудови):

Пристап (Кој ќе биде Вашиот фокус на истражувачката сторија?)

Вашата е-маил адреса за контакт

Ваш телефонски број за контакт