Кариера

Кариера

Врз основа на одредбите од Законот за практикантство, член 4 (Службен весник на РСМ бр.98/19) и Програмата на ЗГ Медиа плус, се објавува следниов:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

 

ЗГ Медиа Плус Штип има потреба од 1 (едно лице), практикант, во следниве области:

– Практикант за ИТ – веб администратор;

– Асистент на проект; и

– Сектор за комуникации со невладин сектор.

Се известуваат сите заинтересирани лица до 34 години, кои сакаат да станат дел од нашата компанија да се пријават на овој повик за практиканти со поднесување свое CV на меил vrabotuvanje@mediaplus.org.mk или во просториите на Медиа плус кои се наоѓаат на ул.5-та Партиска Конференција бр.32А, поточно во Мултимедијален Центар Канал 77, нас. Сењак.

 

Услови кои треба да ги исполнуваат се:

  • да не е во работен однос, односно да е со статус невработено лице, пријавено во Агенцијата за вработување;
  • да не е постар од 34 години;
  • да не обавуваат практична обука во друга компанија или јавна институција;
  • да имаат најмалку основно образование.

 

Практикантот при тоа ќе добие:

  • ќе се стекне со практична обука во траење од 3 месеца или 6 месеца;
  • по завршување на практичната обука ќе му се издаде Потврда;
  • не го губи статусот на невработено лице, но ќе биде пријавено во Агенцијата за вработување како практикант;

 

Условите, правата и обврските ќе бидат утврдени со Договор, кој ќе биди склучен помеѓу практикантот и Медиа плус, согласно Програмата на Медиа Плус.

 

ЗГ Медиа плус Штип

Штип, 04.02.2020 година                                                      Претседател Емилија Давчева

Програма за практиканти