ЗА НАС

Стратешки план на ЗГ „Медиа плус“

 

Здружението на граѓани МЕДИА ПЛУС од Штип, е основано во 2006 година како доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани. Формирано е со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници. Мотивите за наговото основање е вршење на дејност и активности за поттикнување на транспарнетноста на институциите, поголемо учество на граѓаните во донесување на одлуките, зголемување на врските со медиумите, како алатка за изнесување на граѓанските потреби, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој. Медиа плус е здружение кое влијае на развој на медиумската заедница, ги истражува општествените текови и бара одговорност од власта и отчетност на сите субјекти во Македонија. Неговите членови веруваат во создавање на општество кое негува слобода на говор, отворен дијалог и стреми кон демократија.

Мотото на Медиа плус е силни граѓани во коалиција со медиумите, кои гласно зборуваат за потребите и проблемите на јавноста и поширокото општеството.


Мисија и визија:

Мисија: „Медиа Плус истражува, анализира и иницира акции и процеси со што влијае и придонесува кон развојот на демократијата и медиумската заедница“

Визија: „Живееме во општество на информирани и едуцирани граѓани, и, силни и независни медиуми, во демократско општество кое негува слобода на говор и отворен дијалог.’

Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијаеме на општествените текови и општествена одговорност.

Ние ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Овозможуваме поголема видливост на граѓанските активисти, организации и останати кои работат во функција на унапредување на декомкратското општество. Организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните за нивно влијание со цел поголемо учество во донесување на одлуките, а со тоа и подобар живот на локално, регионално и национално ниво.

Медиа плус во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.


Засегнати страни:

1. Граѓаните – на кои им се овозможува простор за дијалог со инстуциите, медиумите, новинарите и креаторите на политики.
2. Медиумите и новинарите
3. Локалната и централната власт со нивните институции
4. Маргинализираните заедници


Програмски активности, задачи и цели

1.Истражување
• Посредување и организирање на истражување за влијанието на медиумите
• Анализа на содржините
• Промовирање на истражувачки резултати преку медиските канали
• Запознавање на јавноста со новите медиумски содржини

2.Продукција на програма од јавен интерес
o Радио
o ТВ
o Печатени медиуми
o Дигитални медиуми и социјални мрежи

3.Организирање на јавни настани
• Дебати, јавни расправи, форуми, дискусии
• Промоции на мултимедиски изданија, книги и брошури
• Консултативни процеси и настани за застапување и лобирање
Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во неколку работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.

4.Обуки

• Организирање на тренинзи и семинари
• Обука на невладиниот сектор за ПР активности
• Посредување во организирање на курсеви за апликации,компјутери и јазици


Стратешки цели 2021 – 2024

Области
Медиуми и добро владеење
Отчетност, транспарентност и антикорупција
Граѓанско учество
Еколошка правда, климатски промени
Посебно внимание насочено кон:
1.Подигнување на информираноста и свеста кај граѓаните за:
-поголема безбедност на интернет
-заштита на личните податоци
2.Новинарство, видливост, транспарентност и корупција
3.Користење на комуникациски канали и продукција
4. Застапување и лобирање

Стратешки пристап:
Кон остварувањето на поставената мисија МЕДИА ПЛУС ќе се стреми кон нудење и користење на:
1.Соодветна инфраструктура
2. Техничка опременост
3. Политика за човечки ресурси
4. Прибирање на финансиски средства, самоодржливост