Технополис од Никшич изработува визири и отстапи лабараторија и машина за дијагностицирање на корона вирус
Компании широм Црна Гора ги отстапија своите 3Д штампачи и друга опрема за масовна изработка на заштитни визири. Меѓу нив е и Технополис од Никшич, чии 10-тина вработени со денови неуморно ги склопуваат овие визири кои се повеќе од потребни во борбата со корона вирусот.
Покрај медицинските работници, ваквите визири им се потребни и на јавните комунални претпријатија, аптеките, маркетите, сите оние кои се први на удар, кои имаат највеќе контакти.
Целата приказна ја координира Научно-Технолошкиот парк на Црна Гора со помош на Министерството за Наука.
Сите везири се предаваат на Медицинскиот Кризен штаб, кој понатаму ги дистрибуира.
Технополис ја стави на располагање и својата биотехнолошка лабараторија и комплетната опрема. Во опремата има и ПСР машина која може да го детектира Ковид 19, и тие ја отстапија на Институтот за јавно здравје и порачале одреден број тестови за анализа.
Списокот на оние кои се вклучиле донирајќи опрема за изработка на визири е долг- кажуваат од Технополис – и продолжуваат со ист елан. -Сите се трудиме да најдобар начин да придонесеме кон јакнење на здраствениот систем на нашата држава.
Сите работат со голем ентизујазам , некако во овие тешки времиња се роди и нешто добро. Технополис доколку има потреба ке го отстапи и своите просторен капацитет, ама се надеваат дека до тоа нема да дојде.
Извор: rtcg.me