Соодветна инфраструктура
Своите инфраструктурни можности ќе бидат пренасочени кон спроведување на проектните цели и активности, согласно програмата за работа на МЕДИА ПЛУС. Со тоа ќе се овозможи инфраструктурално користење од страна на бизнис, државен и граѓанскиот сектор со помош на соодветно опремен и адаптиран простор погоден за секаков вид на настани. Во користењето на услугите ќе бидат вклучени СМЕ и коморите (бизнис секторот); НГОс и центри за поддршка на НГОс; работнички универзитети, Факултети (образовни институции); управни и раководни тела во школите (Цивилен сектор); домот на културата, домот на млади библиотеки (културни институции), како и Општини и политички партии (општествено политички институции). Просторот ќе биде прилагоден за организирање на конференции, прес настани, семинари, обуки, конвенции, и др.
Техничка опременост
Во корелација со инфраструктуралните можности МЕДИА ПЛУС ќе овозможи и адекватна техничка опременост, потребна за спроведување на најразличен облик на настани. Од техничката опрема на располаѓање ќе бидат: озвучување на просторот, опрема за симултан превод, прожектори, видео бим и др. технички можности. Техничката опрема ќе биде користена при организирање на саеми, семинари, конвенции, конференции, состаноци и слични вакви настани. Ваквата техничка опременост на настани ќе бидат организирани одстрана на Медиа Плус за потребите на бизнис секторот, Цивилен сектор и образовни институции, културни институции и општествено политички институции.
Кадровската екипираност соодветсвена на дејноста (мисијата)
Со соодветен стручно екипиран кадар МЕДИА ПЛУС има капацитет да им овозможи на културниот, политичкиот и бизнис сектор адекватни логистички, едукативни и промотивни услуги. Исто така ќе организира доквалификациони обуки во самата невладина за подобрување на човековите ресурси во Медиа Плус. Услугите ќе бидат пренасочени за едукативно спроведување на семинари, работилници и обуки во областа на промоцијата, маркетинг, новинарството, ПР-от, како и едукации со комерцијален интерес и позадина. Логистички услуги ќе бидат спроведувани за организирање на саеми, хуманитарни настани, фестивали и др. слични од ваков тип настани. Во склоп на промотивните услуги МЕДИА ПЛУС ќе спроведува и кампањи со најразлична тематика за бизнис секторот, Цивилен сектор и образовни институции, културни институции и општествено политички институции.
Промоција и ПР активности
ПР на МЕДИА ПЛУС ќе изработи ПР план кој ќе содржи:
- Анализа на ПР ситуацијата во Македонија
- Бацкгроунд на институциите во корелација со ПР-от
- Цели и начини на водење на кампањи и друг тип на медиумски промоции
Начинот на постигнување на целите ќе зависи од:
- Соработката на Медија Плус со инволвираните субјекти
- Методите на обраќање
- Тактичките комуникациски вештини
- Проектен тим кој ќе партиципира во Медиа Плус
За достигнување на целите утврдени во ПР планот ќе бидат вклучени субјектите со кои работи МЕДИА ПЛУС како што се: факултетите, работнички универзитети (образовни институции), Домот на културата, Домот на млади, библиотеки (културни институции), бизнис субјекти, Хотели (комерцијални институции), како и Општини, Политички партии (општествено политички институции).
ПР улогата ќе биде спроведувана со помош на следниве методи:
- Соопштенија за медиумите;
- Конференции за печат;
- Медиумски настани.
Добивање на продлабочени прилози
- Брифинзи за новинари;
- Посета за новинари;
- Убедувачки писма.
За градење на односи со јавноста Медиа Плус ќе спроведува:
- Интервјуа за сујектите соработници;
- Медиумски настани (културни, едукативни, спротски итн.);
- Поделба на промо материјални (ЦД, Флаери, беџови, видео презентации);
- Посети за новинари;
- Коктели.
ПР тимот на МЕДИА ПЛУС ќе го реализира изработениот ПР план преку планирање, организирање и имплементирање на:
- Заседавања во корелација со менаџментот и неговото влијание со клучните јавни индивидуи;
- Истражувања на ставовите и мислењата кои влијаат на однесувањата и верувањата;
- Маркетинг комуникации со бизнис секторот;
- Односи со општините;
- Одности со корисниците;
- Односи со вработените;
- Државни прашања од областа на регулативе, легислативе и др. правни форми;
- Инвестициони односи со јавните компании, бизнис консултантите и др. бизнис субјекти.
Имплементирањето на ПР планот ќе биде конкретно одреден со рокови како и со строги термини за организирање на кампањите и другите предвидени активности во ПР планот:
- Обработка на имплементирани активности
- Позитивен ефект од страна на јавноста
- Влијание на јавното мислење врз самите активности
Преку спроведувањето на промотивни и ПР активности ќе се овозможи подобрување на имиџот и работата на заинтересираните субјекти за користење на овој вид услуги:
- Спроведување на обуки
- Обуки за Мали и Средни Претпријатија од областа на маркетингот и ПР можностите
- Обуки за политичките субјекти за ПР и локално владеење
- Обуки за менаџмент во областа на културата и ПР
- Иницирање на бизнис средби и саеми
- Покривање на општествени јавни депати
- Спроведување на дебати и решенија за маргинализираните групи:
- Проституција,
- Луѓе со посебни потреби,
- Малолетничка деликвенција,
- Нарко-зависници и нивните семејства.