Сајбер булингот една од темите со кои ЗГ Медиа плус ќе ги обработува во наредниот период

Настаните од Србија ја кренаа свест и кај нас за потребата на поголема едукација на младите од последиците од насилството, особено тоа на интернет. Граѓанските организации имаат свој удел во зајакнувањето на тој безбедносен меур, во кој сите ние како општество учествуваме во заштита на младите личности.

Во овој правец се и активностите на ЗД Медиа плус, како дел од активностите на проектот „Сигурни во виртуелниот свет“, поддржан од Смарт Балкан и програмата Граѓанско општество – грант за локални иницијативи.

Во наредните 12 месеци ќе работиме на тематското поле „Безбедност и стабилност“, при што младите ќе бидат наши главни партнери.