Заканите и опасностите за младите на интернет

Користењето на неограничениот простор на интернет, како што вели професор Методи Хаџи – Јанев, е меч со две острици, во кој младите можат да бидат злоупотребени или наивно искористени од предатори, рекламери, политички активисти… Или да станат мета на сајбер вознeмирување, сајбер силеџиство (булинг), сајбер навреди, жртви на економски криминал или фишинг напади. Како да се биде ин и при тоа безбедно да се биде на интернет? Како да се постапи во случај на загрозување на безбедноста, приватноста или да се почувствуваат мета на предатори? Каде младите можат да се обратат?

Повеќе во видео материјалот од серијалот „Кликни мудро“.