Важно е да се провери кој навистина ти пишува – Мирко тоа го научи на потежок начин (видео)

Христина и Мирко се позната водителска двојка, која не само што си верува на збор, туку и на своите профили на интернет. Но, не секогаш тој што ти пишува во виртуелниот свет е навистина човекот  што го знаеш во реалниот живот. Мирко во наводна комуникација со Христина тоа го научи на потешкиот начин, со доаѓање еден час порано. Погледнете ја приказната на „Кликни мудро“, која заврши на штета на сонот на Мирко.